• Latest

„Студентскиот пленум“ ќе се вклучи во работата врз измените на Законот за високо образование

June 23, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Студентскиот пленум“ ќе се вклучи во работата врз измените на Законот за високо образование

June 23, 2017 14:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преставници на Студентскиот пленум се сретнаа со министерката за образование Рената Дескоска, со која разговараа – студентите да земат активно учество во реформите во високото образование.

„Идејата на состанокот беше да направиме некоја ретроспектива на последните три години, што се случи во високото образование, и особено, за најголемиот проблем што најмногу нас не засега, студентското организирање. Тој проблем ние го начнавме уште пред некоја година, меѓутоа, сега мислам дека сме конечно блиску до неговото решавање“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Деа Здравковска од Студентскиот пленум.

Таа додава дека со министерката за образование дискутирале за подобрување на студентскиот стандард, но и за решавање на проблемот со нефункционалните студентски правобранители.

Деа Здравковска – Студентски пленум

„За да се решат дел од овие проблеми, министерката сака да направи комисија во која ќе бидат вклучени и двајца членови од Студентскиот пленум. Комисијата ќе работи на комплетно нов закон за високо образование, во кој ќе бидат вметнати сите проблематики што треба да се решат, односно Студентскиот парламент нема да биде невладина организација која учествува во телата на Универзитетот, туку ќе биде тело во рамките на Универзитетот“, потенцира Здравковска.

Таа истакна дека сакаат да продолжат да работат  транспарентно и јавно и ќе ја мотивираат и самата министерка да работи во тој процес.

„Но, сакам да потсетам дека Студентски пленум не се формираше за да ја турне претходната власт, туку да ја критикува секоја онаа што носи непросмислени и лоши реформи кои немаат заднина во областа на образованието. Затоа, ќе ја потсетуваме и новата министерка дека ние сме тука кога ќе направи некој лош чекор“, децидна е нашата соговорничка.

Министерката Дескоска најави ревидирање на учебниците, вклучувајќи ги и оние по историја. Според неа, не смее да се дозволи учениците да учат од погрешни учебници што ги туркаат кон дискриминаторски предрасуди и говор на омраза…

„Ревизијата на сите учебници ќе биде дел од еден процес што ќе биде дебатиран на експертско ниво. Јас во моментов, во Министерството имам добиено претставка од Народниот правобранител за учебник по општество којшто содржи дискриминаторски одредби. Со оглед на тоа што јавноста честопати беше соочена со примери на учебници во коишто имаме погрешни констатации, каде што има говор на омраза, каде што има дискриминаторски ставови и предрасуди, значи, сите учебници ќе бидат отворени на процес на ревизија во целокупното образование, со цел да се отстранат грешките коишто учениците ги учат“, посочи министерката и информира дека за овој случај е формирана работна група во Министерството.

Дехран Муратов

Tags: Деа ЗдравковскаМОНРената ДескоскасредбаСтудентски Пленум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ