• Latest

Субвенционрано снабдување со струја за 675 субјекти преку ЕСМ Продажба, за Алаѓозовски 2023 година ќе ги потврди заложбите за едно општество, година на можни уставни измени

January 3, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Субвенционрано снабдување со струја за 675 субјекти преку ЕСМ Продажба, за Алаѓозовски 2023 година ќе ги потврди заложбите за едно општество, година на можни уставни измени

January 3, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Зголемен бројот за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари 2023 преку ЕСМ продажба

Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г, информираат од ЕСМ. За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57) . Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Алаѓозовски: 2023 ќе биде предизвикувачка, но ќе ги потврди заложбите за едно општество за сите

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Меѓу многуте „аргументи“ што ги користи Кремљ за да убеди што е можно повеќе руски граѓани да ѝ се приклучат на армијата во крвавиот поход против Украина, сега има уште еден, за кој јавува светската новинска агенција Ројтерс: право на бесплатно замрзнување на спермата и складирање во криобанки за војниците кои ќе бидат убиени или осакатени. Овој бизарен пропаганден „изум“ на Путин во неговите очајнички обиди да мобилизира што е можно повеќе војници за неговата крвава авантура во Украина.

Прво обраќање на Зеленски во 2023: Единството на Украина е во драматичен контраст со стравот во Русија – Нашето чувство за единство, автентичност, самиот живот – сето ова е во драматичен контраст со стравот што преовладува во Русија

AL -PRESS

Српските политичари во Косово меѓу два огна, судскиот процес за поранешните лидери на ОВК ќе биде маратонски

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИПЛОМАТИЈА Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари проштална средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје, Анке Холштајн

МЕТОДОЛОГИЈА Најмалку 1.760 денари повеќе добиваат пензионерите за една година, а првото усогласување на пензијата согласно новата методологија за утврдување на износот беше извршено во март 2022-рата година. Тогаш пензиите се покачија за 2,9%, а наредното усогласување беше спроведено веќе во септември, кога зголемувањето изнесуваше 6,8%.

ЕКОНОМИЈА Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто. Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места, со што се намалува стапката на невработеност“, соопштија денеска од СДСМ.

ПЕРСПЕКТИВИ 2023

Паричката секогаш има две страни, која ќе ни се „падне“ во 2023 година?

„Северна Македонија во 2023 година ја очекува постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу два проценти, иако според најавите на ММФ светот, пред се европската економија ја очекува рецесија“, анализа на Соња Танеска.

2023 година на надежи и можни уставни измени, ќе ја прескокне ли Македонија последната препрека кон ЕУ?

„Влезот во Новата 2023 година како никогаш досега ги исполнува со немир политичките структури кои работат на продолжувањето на преговорите за членство во ЕУ. Владата ги нема сите карти во рака кога се во прашање уставните измени кои се дел од преговарачката рамка, а опозицијата стои цврсто на ставот дека нема да испорача поддршка, без која не може да се дојде до 80 гласа „за“ уставните измени. 2023 година е и последна календарска година од мандатот на претседателот на државата, но и на Владата бидејќи напролет во 2024 и на почетокот на летото ќе треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, за кои нема да биде изненадување ако се одржат заедно пролетта 2024“, анализа на Соња Крамарска.

Перспективи 2023: Мишев и Абдурахмани за руските злосторства во Украина и медиумите како опасна алатка

На мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦивилМедиа „Перспективи 2023“, кој се организира секоја година, почнувајќи од 2017 година, се вкрстија голем број ставови, коментари и анализи на состојбите во 2022 година и перспективите во 2023 година. На еден од панелите што ги водеше Тахири, учествуваа новинарите Драган Мишев и Назми Абдурахмани кои дискутираа на две теми: Војната во Украина и медиумите.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Новогодишните празници секогаш се во знак на надеж за нови, подобри почетоци. Но овие години се поинакви. Луѓето се затруени со катастрофични предвидувања, со пропаганда и дезинформации. Истоштени се и од претходните години на кризи и војната што ја поведе Путин против Украина пред повеќе од 300 тешки и крвави денови. Светот веќе со години ги живее последиците од хибридната војна што ја води Путин против демократијата во светот“, пишува Џабир Дерала во „Година на силно отворени очи“

„Владата на Северна Македонија најави закон за нова, еднократна даночна обврска за компаниите. Кога ќе биде допрецизиран и усвоен, неколку стотици компании ќе треба да платат данок за екстра добивка за 2022 година. Освен банките и трговски друштва, со кризниот данок од 30 отсто ќе бидат опфатени и поголеми компании кои оствариле профит од над 10 милиони евра. Станува збор за еднократен данок кој се однесува само за профитот остварен во 2022 година и е поголем од четиригодишниот просек. Владата очекува со новиот закон за екстра добивка да наплати дополнителни 90 милиони евра за државната каса“, пишува Зоран Бојаровски во анализата „Данок на екстра профит за екстра солидарност и јасно изразена општествена одговорност“

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ