• Latest

Преку новата методологија, пензионерите добиваат најмалку 1.760 денари за една година

January 3, 2023

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку новата методологија, пензионерите добиваат најмалку 1.760 денари за една година

January 3, 2023 14:44
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Најмалку 1.760 денари повеќе добиваат пензионерите за една година, а првото усогласување на пензијата согласно новата методологија за утврдување на износот беше извршено во март 2022-рата година. Тогаш пензиите се покачија за 2,9%, а наредното усогласување беше спроведено веќе во септември, кога зголемувањето изнесуваше 6,8%.

За во март годинава е најавено ново усогласување што ќе доведе до раст на пензиите за нови 6%, што води до 16-процентно зголемување на пензиите за период од само една година.

Новата методологија која стапи на сила во март минатата година предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, усогласувањето се врши двапати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

Новата методологија беше направена низ дијалог на Министерството за труд и социјална политика со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери. И од Сојузот и од Владата претходно истакнаа дека новата методологија обезбедува континуиран раст на пензиите.

„За една година пензионерите добиваат зголемување од минимум 16 проценти. Такво зголемување немало. Навистина е задоволство кога гледаме дека новата методологија за пензии, којашто ја донесовме со Партијата на пензионерите, Сојузот на пензионерите, веќе дава резултати – со оглед на тоа што сега покачувањето на пензиите кои ќе го добијат пензионерите е од 6,8 проценти и заедно со 2,9 проценти, доаѓаме до зголемување на пензиите оваа година од ниво до 10 проценти. Дополнително, со новото зголемување во март, од март 2022 до март 2023 – а со оглед на тоа дека имаме методологија во којашто 50 проценти е раст на инфлација, а 50 проценти е раст на просечна плата, зголемувањето ќе биде сигурно исто како сега. Тоа никогаш не било. Тоа се факти коишто се важни за пензионерите“, кажа неодамна премиерот Димитар Ковачевски.

Ова покачување на пензиите се врши независно од дополнителните средства кои легнуваат на сметките на пензионерите во рамки на антикризните мерки за социјално ранливите категории, а засега обезбедени се над 73 милиони евра во буџетот за пензиите

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари за четири месеци, односно по 1500 денари месечно има за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери. Исто така директна финансиска помош од вкупно три илјади денари е обезбедена за пензионерите кои земаат пензија до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка за пензионерите беа издвоени над 12,2 милиони евра.

ПМД/ЦМ

Tags: Државен завод за статистиказголемување на пензииКовачевскипензионери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ