• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Година на силно отворени очи

January 2, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Година на силно отворени очи

Или не?

January 2, 2023 08:00
in ES-PRESS-O, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Новогодишните празници секогаш се во знак на надеж за нови, подобри почетоци. Но овие години се поинакви. Луѓето се затруени со катастрофични предвидувања, со пропаганда и дезинформации. Истоштени се и од претходните години на кризи и војната што ја поведе Путин против Украина пред повеќе од 300 тешки и крвави денови. Светот веќе со години ги живее последиците од хибридната војна што ја води Путин против демократијата во светот.

Кризите се длабоки, глобални и тешки. Економски, енергетски, здравствени, безбедносни и воени, мигрантски, климатски и политички – сите кризи заедно и истовремено го погодија светот. Едната ја храни и продлабочува другата, и така во круг. За Кина, Северна Кореја, Индија Пакистан, Блискиот Исток, Африка, неофашизмот и неколку други – сѐ уште не сме почнале ни да разговараме. А би требало.

Во сите овие години голем дел од луѓето донесоа одлука да ги затворат очите пред фактите, да им се предадат на големите лаги на злосторнички центри на моќта. Многумина одлучија да бидат „неутрални“, веројатно несвесни дека токму тоа им одговара на антидемократските ешалони. Кога веќе не ги придобиле на своја страна, злосторниците се трудат да ги „неутрализираат“ луѓето. Секогаш е полесно да се контролираат мислите на „неутралните“ отколку на оние со изграден став.

Одговорот на кризите е силен и решителен. И задоцнет, се разбира. И недоволно конзистентен. Секогаш може подобро и повеќе. Секогаш има место за критика бидејќи не постои совршен и навремен одговор на криза. Но интересно е што најжестоките критики доаѓаат или од оние што се дел од проблемот, или никогаш не мрднале со прст да помогнат во спречување или решавање на некоја криза или кризна состојба.

Во Новата 2023 година светот влегува со грч пред неизвесноста од сите кризи што го потресуваат. Истовремено, голем број лидери во светот влегуваат и со добри планови и цврста решеност да им стават крај барем на дел од кризите.

Без оглед на исходот од битките со кризите и кризните жаришта, светот во 2022 означи почеток на нова ера во политичките и безбедносните релации меѓу државите и различните сојузи. Во 2023 година светот ќе посведочи на еден понижувачки крај на една воена агресија (руската), но и почеток на повеќе други воени конфликти.

Постојат големи можности, 2023 година да биде и година на освестување. Безброј луѓе ќе се соочат со светлината на денот. Ако ништо друго, барем ќе бидат соочени со изборот да ги отворат очите пред вистината и фактите или засекогаш да потонат во густата смеса од која антидемократските центри на моќ прават барутно полнење за своите злосторнички кампањи.

По долго време силно затворените очи, кога ќе се отворат – болат. Кога ќе се погледне во светлината, сѐ што може да се види се црни дамки. Но и тоа поминува. Колку и да е страшна, надојдената река е подобро да се премине со отворени, наместо со затворени очи. Колку оваа, 2023-та, ќе биде година на силно отворени очи или не, ќе се види многу брзо.

Ако некој мисли дека ништо од ова или дури и само дел од ова не се однесува на Северна Македонија, се лаже. Во длабока заблуда се оние што мислат дека ова парче земја може уште долго време да живее во сонот (кошмарот) на неписменоста и назадноста. Ако некој ви каже дека Северна Македонија (цела да е, чиста, никогаш северна) е на некоја друга планета или дека е сама, на долната половина од Рамната Плоча, повикајте брза помош.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: војнадезинформациипропагандахибридна војна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ