• Latest
Парламент на Република Косово (Wikimedia Commons)

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српските политичари во Косово меѓу два огна, судскиот процес за поранешните лидери на ОВК ќе биде маратонски

January 3, 2023

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српските политичари во Косово меѓу два огна, судскиот процес за поранешните лидери на ОВК ќе биде маратонски

January 3, 2023 15:25
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Парламент на Република Косово (Wikimedia Commons)

Парламент на Република Косово (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште траат бранувањата и тензиите на линија Белград-Приштина. Косовските политичари Срби се под силен притисок од Белград. Се жалат дека ги нарекуваат предавници и дека трпат најразлични притисоци. Дел од косовските аналитичари прогнозираат дека поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово се соочуваат со маратонски судски процес во Хаг. Тоа е само дел од изборот на редакцијата на ЦивилМедиа на темите од албанските медиуми во регионот по новогодишните празници.

БАЛКАНВЕБ: „Се движиме меѓу два огна“, српските политичари во Косово: Не нарекуваат предавници!

„Замислете си човек кој оди по тенка жица и за да не падне, држи долг стап во рацете за да одржува рамнотежа? Во меѓувреме, жицата од двете страни станува се потенка и потенка“.

Вака Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање во Владата на Косово, ја опишува активноста на косовските политичари Срби, кои, како што вели, не размислуваат исто како српските или косовските власти, пренесува БалканВеб.

ЗЕРИ: Судскиот процес против Тачи и другите се очекува да започне во март

„Поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими веќе две години се во притворот на Специјализираните комори на Косово во Хаг.

Од косовскиот Институт за правда велат дека најдоцна во месец април се очекува да започне со воведните изјави. “, пренесе косовскиот дневник ЗЕРИ.

ЈАВА ЊУЗ: Бериша ги споредува политичарите со животни: Мета „мечка“, Браче „скакулец“, Алибеај „инсект“, Рама „долгоушко“, јас „орел“

„Лидерот  на Демократската партија Сали Бериша деновиве даде интервју со хумористични тонови во емисијата „Кланифорнија“.

Од Бериша побараа да споредува различни политичари со животни, меѓу кои го спомена поранешниот лидер на ДП, Лулзим Баша како „безрбетник“, Алибеај како „инсект“, а Илир Мета како „мечка“.“, се наведува во албанскиот медиум ЈАВА ЊУЗ.

КДП: Академик Абдулменаф Беџети: 2023 година ќе биде тешка, но има место за оптимизам

„Последователните кризи во последните три години, без да се надмине онаа на пандемијата КОВИД-19, која како таква влезе во инфлаторната криза која кулминираше со енергетската криза и распаѓањето на глобалниот синџир на снабдување, ја предизвикаа дури и науката за економија, не само во однос на времетраењето и длабочината, но и во однос на двонасочните „потреси“ во исто време, и на страната на понудата и на побарувачката. Економската теорија во речиси еден век (од Големата депресија 1929/33) не познава шокови од ваква природа.“, извадок од анализата на академик Абдулменаф Беџети објавена во КДП.

БОТА СОТ: Зошто е важен демагошкиот патриотизам на лидерот?

„Косовското општество има силна, покорена национална свест, но во исто време се бори со криза на идентитетот. Многу луѓе чувствуваат дека основата на нашата демократија, историјата на тоа кои сме „ние“ е под притисок. Има многу причини за тоа, глобализацијата на економијата, која се повеќе се исклучува од локалните заедници кои и обезбедија морални и институционални рамки; откривање на традиционалните модели на улоги и врски кои го поддржуваат идентитетот, а исто така и создавање големи групи луѓе со различни култури, вредности, ставови и лојалности… “, извадок од колумната „Зошто е важен демагошкиот патриотизам на лидерот?“ од Али Хертица објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: БеришаБеџетиКосовоОВКполитичарипредавнициСрбисудски процесХагХертица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ