• Latest

Судењето за „Ласкарци“ вратено на почеток, изборите не го решаваат проблемот со уставните измени, Вучиќ го прифати француско-германскиот предлог, топката е кај Курти

January 24, 2023
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
Али Ахмети, Кичево, 23 јули 2026 (фото извор: веб страница на ДУИ)

ДУИ обвинува: ВЛЕН стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ и овозможува ширење на „српскиот свет“ во земјава

August 3, 2026
Businessman showing concept, connection,innovation development and artifacts too artificial intelligence ,AI , ideas and innovation ,Finding new solutions to solve business problems ,modern business

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

August 3, 2026
Запорижжја, 2-3 август 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ: Разорни бомби во Запорижжја, масовен украински одговор на руска територија и нови провокации кон НАТО

August 3, 2026

Европска комисија: Побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ист циркус, нови шатори

August 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Судењето за „Ласкарци“ вратено на почеток, изборите не го решаваат проблемот со уставните измени, Вучиќ го прифати француско-германскиот предлог, топката е кај Курти

January 24, 2023 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Судењето за случајот „Ласкарци“ вратенo на почеток

 По повеќе од една година супер-вевештачења за автобуската несреќа кај село Ласкарци во која загинаа 16 лица, конечно се изготвија и беа доставени до Кривичниот суд Скопје, судскиот процес за овој случај денеска започна од почеток. Почетокот на судењето беше само формален, бидејќи сите присутни се согласија материјалните докази во постапката само да бидат прочитани и судењето да продолжи онаму каде што застана во првичната постапка.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Џафери вели дека избори нема да го решат проблемот со мнозинството за уставни измени

 Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите изјави дека постапката за уставни измени најдоцна би требало да почне во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ. Џафери рече дека не мисли дека избори ќе го решат проблемот со немањето доволно гласови (80) за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомпилицира целата работа. За тоа како да се надмине проблемот со мнозинството претседателот на Собранието вели, власта и опозицијата да седнат да разговараат.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Експертот за политички прашања, универзитетскиот професор Милазим Красниќи од Приштина, за Цивил Медиа истакна дека Европската Унија вложила многу напори, но најмногу со она што го нарекуваме технички дијалог и резултатите не биле добри, дури и оние договори кои се постигнати и потпишани не се целосно имплементирани. Поради оваа причина, имаше голема фрустрација во Европската унија, но фрустрацијата и загриженоста се зголемија уште повеќе по почетокот на војната во Украина, бидејќи веќе се виде дека се активни руските политики за дестабилизација на Балканот.

ПЛАТЕНИЦИ  Смртоносна и за една употреба: Бруталните тактики на Вагнер во Украина откриени во разузнавачки извештај

ПОЛИТИКА Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова денеска изјави дека на вчерашната средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, разговарале меѓудругото и за можноста за окрупнување на владиното мнозинство, а дали ќе дадат поддршка за тоа Алијансата за Албанците да влезе во владината коалиција, вели, ќе зависи од програмските цели на таа коалиција.

СТРУЈА Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките, истакнуваат од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола во демантот на информациите што во јавноста ги пласира ВМРО – ДПМНЕ.

СРЕДБА За Северна Македонија 2023 година е значајна во однос на напредокот по европскиот пат, поради што е неопходна и кохезија околу реализацијата на оваа државна стратешка цел, констарирале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир. На состанокот е разговарано за актуелни прашања од значење за земјава, регионот и пошироко, во европски контекст, соопшти владината прес-служба.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Германски Рајнметал подготвен да испрати 139 тенкови Леопард во Украина, американските борбени возила Бредли ќе пристигнат во наредните недели

Германскиот воено-индустриски концерн Рајнметал е подготвен да испрати 139 тенкови Леопард во Украина штом германската влада даде соодветна дозвола, изјави прес секретарот на концернот за германската медиумска група РНД, пренесува Укринформ. Рајнметал е подготвен да предаде 29 тенкови Леопард 2А4 наменети за „кружна размена“ во април-мај оваа година. Според секретарот за печат, ќе биде потребна речиси една година за да се поправат уште 22 Леопарди од истата модификација и ќе биде можно да се предадат кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Албанија рамо до рамо со Косово за територијалниот интегритет, Курти не се справува добро со односите со САД, моделот „две Германии“ е добро решение за договор.

СЛОБОДНА ЗОНА

Иако претседателот на државата Стево Пендаровски во изјавата за медиумите после седницата на Советот за безбедност одржана на 23 јануари рече дека таа била посветена на „безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион“, и според редоследот како што ги наведе – претседавањето на нашата држава со ОБСЕ во чиј фокус е најголемата безбедносна закана после Втората светска војна заради воената агресија на Русија и ситуацијата на Косово, беше сосема јасно дека овој пат највисокото државно тело за безбедносни прашања, за централна тема го имаше „најновиот развој на настаните во односите со Бугарија“, пишува Зоран Бојаровски во колумната „Специјалните операции“ против Македонија се „готват“ надвор со извршители од внатре“

 

Старо правило е дека не се Бугарите проблем во Македонија, туку бугарашите. А такавите, освен заблудени поединци, се создаваат во Македонија по потреба или по нарачка. Прашањето е само кој е инспираторот или нарачателот на овие групи и во кој даден момент прераснуваат во здруженија или отвораат клубови со провокативни имиња. Нивната цел очигледно не е само да провоцираат, туку прераснуваат и во акции што имаат субверзивен карактер, што значи имаат за цел да предизвикаат и дестабилизирачки ефекти во државата, пишува Љубиша Николовски  во колумната „Бугар на Бугара му е ВМРО-вец, или како ВМРО-ДПМНЕ се врати на бугарашките позиции“

 

С.Танеска

Tags: војна со украинаекономијаЛаскарциполитикаслободна зонаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ