• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија рамо до рамо со Косово за територијалниот интегритет, Курти не се справува добро со односите со САД, моделот „две Германии“ е добро решение за договор

January 24, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија рамо до рамо со Косово за територијалниот интегритет, Курти не се справува добро со односите со САД, моделот „две Германии“ е добро решение за договор

January 24, 2023 11:45
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И денес албанските медиуми во регионот се задржуваат на темата Српско- Косовски договор, албанскиот претседател Бајрам Бегај вели дека го поддржува зачувувањето на неповредливост и територијален интегритет, поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер изјави дека косовскиот премиер Курти не се справува добро со односите со САД. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот АЛ-Прес.

ИНФОКУС – Бегај: Албанија е рамо до рамо со Косово, го цени зачувувањето на неповредливост и територијален интегритет

„Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, изјави дека го поддржуваат Косово и го ценат зачувувањето на неповредливоста и територијалниот интегритет на државата. На состанокот на Советот за национална безбедност Бегај рече дека Албанија го поддржува дијалогот Косово-Србија за постигнување конечен договор што ќе доведе до меѓусебно признавање.“, пренесе албанскиот медиум Инфокус.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Вокер вели дека Курти не се справува добро со односите со САД

„Поранешниот амбасадор на Верификациската мисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, смета дека премиерот на Косово, Албин Курти не се справува добро со односите со Соединетите Американски Држави.

Тој го цени Курти за, како што вели, борбата против корупцијата, но вели дека има резерви за пристапот на Курти кон односите со САД.“, пренесе косовскиот портал Газета Експрес.

ИНСАЈДЕРИ Договорот Косово-Србија, Ишингер: Добро би било конечно да се имплементира моделот „две Германии“

„Поранешниот германски дипломат и поранешен претставник на ЕУ во преговорите за Косово, Волфганг Ишингер, смета дека би било добро да се спроведе предлогот од 2007 година за решение на косовското прашање, договорот меѓу двете Германии.

Ишингер на својот Твитер профил објави и напис од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) со наслов „Преговори во Белград – како Западот има намера да го реши косовскиот конфликт“.“, пренесе косовскиот медиум Инсајдери.

ТЕЛЕГРАФИ: Србите на север ќе протестираат против политиката на Вучиќ

„Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ апелираше за што поголемо учество на протестот в среда што ќе се одржи на северот на Митровица.

Според организаторите, протестот ќе се одржи против, како што ја нарекуваат, деструктивната политика на српскиот претседател Александар Вучиќ во разговорите и безусловното прифаќање на новиот договор.“, пренесе косовскиот медиум Телеграфи.

БОТА СОТ: „Доколку се потпише француско-германскиот план, на Вучиќ и Курти ќе им биде доделена Нобеловата награда за мир“

„Несомнено е дека француско-германскиот план би го спасил Балканот од „земјотресите“ на новите освојувачки војни на Србија. Затоа, неговото прифаќање од страна на премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, и од претседателот на Србија, Александер Вучиќ, на нивните државни средби на високо ниво со членовите на Квинтитот на ЕУ и Америка (г. Габриел Ескобар ), што го имаа минатата недела во Приштина и во Белград.“, извадок од колумната „Доколку се потпише француско-германскиот план, на Вучиќ и Курти ќе им биде доделена Нобеловата награда за мир“, од проф. Д-р. Мехди Хисени, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: АлбанијаВокерВучиќИшингерКосовоКуртиМедиумирегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ