• Latest

Судот го одби барањето на одбраната во „Топлик“ за иземање на судечкиот совет

March 30, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судот го одби барањето на одбраната во „Топлик“ за иземање на судечкиот совет

March 30, 2018 14:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното рочиште за предметот „Топлик“,  во Кривичниот суд беше одбиено барањето на одбраната на обвинетите за иземање на судечкиот совет.Адвокатот Еленко Миланов  го извести судот дека ќе поднесе барање за иземање на судечкиот совет. Тоа го образложи со изјава на специјалната јавна обвинтиелка Катица Јанева на ТВ24 дека има аудио снимки за судии од овој суд и ќе побара да се произнесе дали некој од судиите во судечкиот совет по овој предмет се вклучени во тие аудио снимки. Според него доколку се наоѓаат на документацијата за прислушување тие не би можеле и не би смееле да учествуваат и одлучуваат во овој предмет.

На рочиштето беше присутен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој со уште пет други лица се обвинети во „Топлик“ за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Јанакиески повторно побара пред да почне главната расправа судот да го одложи денешното рочиште и судот да им врачи комплетно це-де од претходното рочиште за да може да имаат увид со цел да го споредат пишаниот записник со аудио записот и ја утврдат точноста на стенограмот за која се сомневаат дека е точна и би произлегле забелешки.

Судот го отфрли предлогот како безпредметен бидејќи им е веќе даден записник во пишана форма.  Судот зема оврска да им достави це-де и посочи дека секако одбраната ќе има право на приговори по неговата содржина.

Како неосновано беше одбиено и барањето за издвојување на аудио доказ од списата на докази по предметот, како доказ прибавен на незаконски начин.

Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Минатото рочиште за  „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда.


Извор: МИА

Tags: рочиштеСЈОТоплик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ