• Latest

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 19 април

April 3, 2018

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 19 април

April 3, 2018 10:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“, на кое поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски одговараше на прашање на одбраната заврши, а следното е закажано за 19 април, кога треба да бидат испрашани уште двајца сведоци.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица, денеска пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи рече дека на минатото рочиште побарале притвор за еден од обвинетите, но тоа било одбиено од Судот со образложение дека донел лекарска потврда.

Од СЈО побарале проверка на боледувањето и по инспекцискиот надзор на Општата медицинска установа каде е издадена потврдата од Комисијата за стручен надзор од Лекарската комора е констатирано дека при издавањето на боледувањето на Милан Андоновски имало пропусти. Во боледувањето недостасувале стандардни лабораториски анализи.

Одбраната побара прекин на расправата и да им се достави ЦД од претходното рочиште, како и копии од СЈО за извештајот од лекарската комисија.

На денешното рочиште на барање на новинарите до судијата Душан Јосифов да биде погласен бидејќи не се слуша во задните редови, тој рече дека е битно да слушнат инволвираните во процесот, а јавноста колку слушне толку.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. 


извор: МИА

Tags: Даниела РангеловаМиле Јанакиевскинасилствонасилство во центарНикола ГруевскирочиштеСЈОсудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ