• Latest

Супер динамична агенда на ЦИВИЛ во Велес

July 16, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Супер динамична агенда на ЦИВИЛ во Велес

ЦИВИЛ „се пресели“ на три дена во Велес со агенда во која влегоа анкети, инфо-штанд, интервјуа, семинари и обуки, доволно да се пополни едномесечна агенда. Брзи и ефикасни, како и секогаш, тимовите на ЦИВИЛ успешно совладаа неколку важни задачи во планот на Организацијата...

July 16, 2019 16:40
in ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Целиот тим на ЦИВИЛ и дел од најблиските соработнички и соработници, поминаа три дена во Велес, исполнети со голем број на активности на терен и на семинар за стратешко планирање и обука. На терен, дел од тимот на ЦИВИЛ отвори информативен штанд за директна комуникација со граѓанките и граѓаните, а спроведе и анкети на повеќе прашања. Воедно, тимот направи и неколку интервјуа и одржа состаноци со претставници на граѓанските организации и на власта во Велес.

На инфо-штандот на ЦИВИЛ граѓан(к)ите имаа можност да се запознаат со активностите на тимот и да ги искажат своите размислувања и забелешки што се однесуваат на политиките и пракитките на локалната и централната власт. Меѓу другото, граѓанките и граѓаните имаа можност да ги споделат своите ставови за иницијативата на Владата да ги вклучи децата со посебни образовни потреби во редовниот образовен процес.

Тимот на ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, за очекувањата на велешани, можностите на Општината, транспарентноста и одговорноста, неговата лична, како градоначалник, но и на локалната самоуправа, како и за односот меѓу локалната и централаната власт во сроведување на предвидените и ветени локални реформи на локалните избори.

„Општина Велес е една од општините за пример според транспарентноста во работењето… Работиме на план за интегритет на општината, тоа го нема никоја општина во државата и верувам дека во наредниот период уште подобро ќе ги поставиме работите за да биде отчетноста и транспарентноста на уште повисоко ниво од тоа што го имаме сега“, изјави Коцевски за ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ направи и интервју со граѓанската активистка Славица Ќучукова и со координаторката на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес, Нада Трајкова.

Динамичната агенда на семинарите на ЦИВИЛ вклучи финализирање на деталните планови за новиот проект „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, како и низа други аспекти и теми што произлегуваат од проектот. Паралелно со тоа, се одржаа и повеќе работилници за обука и усовршување на вештините со кои располагаат членовите на тимовите на ЦИВИЛ.

Проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е финансиран од National Endowment for Democracy.

А. Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ