• Latest

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости

December 13, 2022

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости

December 13, 2022 16:22
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е 12-члена организирана криминална група, која подолг временски период  делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости, информираат од МВР.

На 12.12.2022 со судски наредби извршени се претреси на вкупно 27 локации кај 23 лица, при што пронајдени и привремено се одземени разни археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, по што 11 лица се лишени од слобода, а по едно се трага.

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по спроведените претреси и пронајдени предмети како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази на 12.12.2022 против 12 лица: С.Џ.(47) од с.Канатларци, прилепско, З.А.(39) од с.Зубово, Ново Село, Т.А.(58) од Пробиштип, Н.М.(48) од Струмица, Д.Р.(36) од Василево, Р.З.(27) од с.Банско, М.А.(31) с.Мокрино, Ново Село, Д.П.(37) од Ново Село, М.Џ.(37) од с.Канатларци, Г.К.(44) од Ваташа, М.С.(42) од с.Банско и И.С.(47) од с.Коњух, кратовско, поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264, „прикривање“ по член 261 став 3, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи  по член чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавените С.Џ. и З.А., во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, со цел стекнување на противправна имотна корист создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавените лица. Целта на формирањето на оваа добро организирана и строго контролирана криминална група била стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, присвојување и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости.

Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружување, во наведениот период континуирано разменувале информации за локалитети, метал детектори и други апарати и алати, нуделе на продажба пронајдени предмети, вршеле истражувања на различни локации со цел пронаоѓање и ископување на археолошки предмети на повеќе локации низ државата кои ги продавале на заинтересирани лица во државата и во странство.

Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, дополнително, при извршените претреси, кај две лица, кои не се дел од организираната криминална група, констатирани се две кривични дела, за кои против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Имено, кај С.Р.(78) од с.Обедник, демирхисарско, пронајдени се ловна пушка и муниција кои ги поседувал без дозвола и против него ќе биде поднесена пријава по чл.396 ст.1, додека кај В.С.(61) од Куманово пронајдени се марихуана, вага и природни реткости и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 став 1,  „прикривање“ по член 261 став 3 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, сите од Кривичниот законик.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ