Б.И. (24) е убиен со автоматска пушка на улица Џон Кенеди во Чаир, вечерва. Во момчето било пукано од возило во движење. Безуспешни биле 45-минутните обиди за реанимација во Ургентниот центар.
Од анонимен граѓански новинар дознаваме дека убиецот испукал цел шаржер од автоматската пушка, најверојатно Калашников АК-47, од црвено југо во движење. Момчето живеело на улица Дижонска, недалеку од местото на свирепото убиство. Мотивот за убиството сѐ уште е непознат. Соседството молчи, шокирано.
Бројот на убиства со огнено оружје расте, но истрагите сѐ уште тапкаат в место. Екстремното насилство со автоматско огнено оружје стана секојдневие во земјава.
Џ.Д.