• Latest

СЗО верува дека ситуацијата со КОВИД-19 во земјава може да се стави под контрола

June 26, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

СЗО верува дека ситуацијата со КОВИД-19 во земјава може да се стави под контрола

June 26, 2020 12:10
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.

Министерот за здравство вчера одржа заедничка прес-конференција со Фабио Скано, советник на регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација.

„Во изминатите неколку денови имавме интензивни разговори за состојбата со коронавирусот, глобално, понатаму за регионот и посебно за нашата земја. Имавме продуктивни состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, на неколку јавно здравствени установи, лабораториите во кои што се врши дијагноза на вирусот. Разговаравме за досегашното искуство во борбата со вирусот, активностите и мерките кои досега беа преземени и секако за следните чекори за справување со епидемијата. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе сега откако и ние како земја се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик“, истакна министерот Филипче.

Филипче потенцираше дека претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Џихан Тавилах сите овие 4 месеци дава огромна поддршка на нашиот систем за справување со вирусот за што изрази голема благодарност.

„Локалната канцеларија на Светската здравствена организација е во секојдневна комуникација како со Министерството за здравство, така и со членовите на Комисијата за заразни болести, како и со многу други чинители во овој процес. Освен поддршката во консултации, препораки, донации која ја добиваме, СЗО ни оддава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и властите во справување со вирусот и во однос на менаџирање на кризата на терен, методологијата, мерките, но и во однос на целосно транспарентната комуникација со јавноста, односно известување за состојбата со вирусот во нашата земја. Уште кога кон крајот на јануари, СЗО прогласи светска вонредна состојба ја интензивиравме оваа наша меѓусебна комуникација, ги преземавме сите мерки и препораки кои ги издаде институцијата и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво, дури и пред да го регистрираме првиот случај во нашата земја“, рече министерот Филипче.

Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО – Европа изрази благодарност до Владата на Северна Македонија, Министерството за здравство и Канцеларијата на СЗО во Скопје.

„Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата КОВИД-19 и ефектите од мерките коишто се преземаат овде. Во изминатите три дена имав мошне интензивна агенда, имав средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски, и со членовите на Комисијата за заразни болести, со членовите од оперативниот центар за кризи, националниот Институт за јавно здравје и Центрите за јавно здравје. Разговарав со поединци и со претставници на религиозните заедници. Главните согледувања од нашата мисија се: Одговорот на Владата беше агилен, силен и навремен. Импресиониран сум од посветеноста на здравствените работници, на лекарите, на Институтот и Центрите за јавно здравје, и на сите останати кои неуморно работат за заштита на граѓаните од КОВИД-19. Конкретно ќе кажам, ставањето во функција за одговор се случи рано, уште пред да се појави првиот случај“, рече Скано.

Тој потенцираше дека повторното појавување на случаите е нешто што може да се изменаџира, и затоа во иднина сите напори треба да бидат насочени кон спречување на ваквите појави. Ова ќе биде можно доколку власта и граѓаните си помогнат едни на други, и цврсто соработуваат. Северна Македонија до неодамна беше еден од најдобрите примери за одговор на КОВИД-19 во европскиот регион. Светската здравствена организација и земјата повторно можат да се вратат на ваква позиција. Тој порача до Владата да продолжи да ги идентификува, изолира и тестира, како и да ги следи контактите и да ги стави во карантински режим.

„Она што го знаеме е дека треба да се прекине ланецот на пренесување, секој случај да биде изолиран, згрижен и тестиран, и секој контакт треба да биде во карантин. Ова треба да се направи со целосно ангажирање на локалните заедници, сите оние кои се болни треба веднаш да се самоизолираат. Понатаму, треба да се следи појавувањето нови случаи, и да се искористат податоци во реално време за да можеме да бидеме пред вирусот, а да не каскаме позади него како што ќе работиме против КОВИД-19. Мораме да мислиме и на другите, пред се есенцијални услуги за пациентите, а истите треба да бидат одржувани во функција. Треба да се избегнуваат или соодветно да се менаџираат собири и групирања на поголем број луѓе, со цел да не се дозволи вирусот да се пренесува од лице на лице. Треба да се воведат ако е потребно таргетирани, односно целно ограничени мерки на контрола и тие треба да бидат предмет на мерење односно градација“, додаде Скано.

А. П. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ