Треба да работиме за стабилноста на регионот на Западен Балкан, изјави претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија.
Тој коментираше дека има многу кандидати за членство во ЕУ од регионот и истакна дека постојат проблеми со тероризмот, миграцијата.
Тајани, исто така, рече дека неговиот предлог ќе биде пакет поврзан со инфраструктурата и дигиталниот систем.
Тој го коментираше и прашањето за личните податоци на Фејсбук и ја истакна важноста од дебата и потребата за заштита на правата на граѓаните. (МИА)