• Latest

Тачи: Одговорност да се бара кај институциите предводени од ДУИ и политичарите кои калкулираа со Бајрам, а не кај граѓаните

June 1, 2020
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026

Прашањето на денот на ЦИВИЛ за изјавата на Мицкоски за економскиот раст останува исто и денеска – над 54.000 прегледи и повеќе од 5.000 ангажмани за 23 часа

July 30, 2026
Днипропетровск, Украина, 30 јули 2026 (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 70 ракети и 280 дронови – загинати цивили меѓу кои и три деца

July 30, 2026

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тачи: Одговорност да се бара кај институциите предводени од ДУИ и политичарите кои калкулираа со Бајрам, а не кај граѓаните

June 1, 2020 11:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За растот на бројот на ново заразени со корона вирусот, не се виновни граѓаните туку институциите кои во албанските населени места претежно се раководат од ДУИ, и политичките структури кои калкулираа со празникот Бајрам, за политички поени. Ова го изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој побара одговорност од политичарите и носителите на функции. Тој побара Бујар Османи да се острани од јавноста кога се зборува за корона вирусот, и во Тетово да се формира нов локален штаб предводен од професионалци, оценувајќи дека актуелниот не успеал да се справува со ситуацијата.

„Ситуацијата е лоша и воопшто нема да се сложам со политичките партии дека граѓаните не се дисциплинирани, ова се случува затоа што институциите не функционират како што треба, особено во средините каде што се Албанците и каде апсолутната власт, било централна, било локална ја држат ДУИ. Трето калкулациите што се направија за Бајрамот од политички структури за да добиваат поени, и ги гледам сега ниеден од нив не се појавува да ни каже зашто таков пристап имавме. Дали оваа ситуација во која сите политички партии трчат за поени затоа што треба да имаме многу брзо избори, сигурно е тоа”, изјави Тачи од партиското седиште во Тетово.

Тој обвини дека нивните препораки и барања не биле прифатени и дел од истите ги повтори и на денешната прес конференција. Првиот човек на ДПА, побара повеќе тестирања и болничка изолација на контактите на заразените со КОВИД19.

„Ние повторно инсистираме на нашите барања. Прво поголем број тестирања и тоа кај таргетирани групи каде има заразени. Второ, сите тие што се контакти на позитивните пациенти, не да се остават дома и да се изолират, туку брзо да се градат нови болници во спортски сали каде луѓето што немаат ќе се сместуваат. Трето е многу важно да се констатира дека Македонија на жалост е убедливо на прво место во Балканот, не знам дали во Европа ќе бидеме, и со број на случаи и со смртни случаи. Очигледно тука нешто не функционира”, изјави Тачи.

Тој ги повика граѓаните да не паничат и да не ги стигматизираат заболените од корона вирусот, туку напротив, на истите да им помагат според можностите. Истовремено тој упати апел да се почитуваат препораките и мерките за заштита.

А.З.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ