• Latest

Тајниот план на Мицкоски не може во исто време да биде и анти-европски и македонски

August 20, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Тајниот план на Мицкоски не може во исто време да биде и анти-европски и македонски

August 20, 2023 00:13
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ

Мицкоски преку денешното интервју упати пораки со кои како да сака да го условува целото општество дека прво требало да му се дадат избори, за тој потоа да го соопштел наводното решение за македонско-бугарските односи. Тој вели: „Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се ПРВО избори.“ Или, во превод, дајте ми власт, па ќе ви кажам што ќе правиме.

Бре мајката!?

Мицкоски нема план за МК во ЕУ. Да имаше, ќе го соопштеше. Но дали денес Мицкоски, можеби за прв пат открива дека тој подготвува некој друг, таен план за или – подобро кажано – против државата?

Какви тајни планови крои и крие Мицкоски?

Дали некој во оваа држава има дилема дека секој таен план на ДПМНЕ е опасен план за Македонија? Дали тајниот план на Мицкоски е прекин на преговорите со ЕУ и нова изолација на државата? Дали тајниот план на Мицкоски е додавање масло во радевиот и куртиевиот жар и јавање на антибугарскиот и антиалбанскиот сентимент кај Македонците? Дали тајниот план на Мицкоски е трошење на државниот буџет без усул и мерка со цел ставање нови пранги врз државата, подалеку од правилата на ЕУ?

Има ли едно нешто што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го направиле за нашето членство во ЕУ и НАТО, па да може да им се верува дека тие имаат план за европска Македонија? Помислете, дали има барем еден државнички потег од страна на ВМРО во изминативе 20 години со кој тие земјава барем за еден чекор ја приближиле до европските фондови, до НАТО безбедноста и до ЕУ реформите?

Огромното мнозинство од народот, заедно со СДСМ, сите партии од владината коалиција и сите албански партии се ЗА македонската држава стане членка на ЕУ, како логичен чекор после членството во НАТО.

Мицкоски и ДПМНЕ сѐ што правеа до сега беше против НАТО и ЕУ. Тие се во постојан конфликт со позициите и ставовите на демократскиот мнозински блок во земјава и со западните сојузници. И во тотална конфузија во јавните настапи по овие прашања. Те ВМРО отсекогаш било на европскиот воз, те тој немало да тера европска, туку македонска агенда.

Ако агендата на Мицкоски не е европска, тогаш таа мора да е неевропска или антиевропска. Ама неговата агенда не може да ем неевропска, ем про-македонска, оти нашето домашно мнозинство вели дека македонската агенда е европска. Па, впрочем и секогаш била. Затоа, македонскиот народ не смее да си дозволи Мицкоски да го прекројува повеќевековниот наш стратешки курс.

Затоа, македонскиот народ има обврска да не дозволи никому да крои тајни и опасни планови на државата.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: антиевропскиЕУинтеграцииМицкоскинационализамтаен план
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result