• Latest

Талеска: Двесте тешки денови за Македонија!

February 5, 2017

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Талеска: Двесте тешки денови за Македонија!

February 5, 2017 09:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во анализата на Моника Талеска со наслов: „Двесте тешки денови за Македонија“, со информативен, аналитичен и балансиран дискурс ослободен од пристрасност и емотивни тонови, презентирана е хронологија на настаните на македонската политичка сцена од периодот од втората половина на минатата година до денес. Како што рече Талеска на промоцијата на финалниот извештај од изборното набљудување „Избори 2016,,,“, дивергенциите и конвергенциите на релевантните политички субјекти, од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и од албанскиот блок, ДУИ и ДПА, се главен фокус на нејзината анализата. Притоа, вклучувајќи ја и медијаторската улога на меѓународната заедница која што будно ја следеше реализацијата на политичката агенда на Договорот од Пржино и анексот на овој договор, парафиран на 31 август минатата година.

„Акцентот е ставен врз целокупната политичка активност и нивото на политичка култура на лидерите на двете релевантни политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев.

Ракурсот на политичката анализа ја опфаќа работата на ДИК, СЈО и Ад хок регулаторното тело, кои беа дел од Договорот во Пржино.

Овие непристрасни забелешки за сите случувања на политичката сцена во Македонија, која повеќе од 10 години, функционира со заробени институции, која бележи пад на слободата на говорот, еродирани демократија и судство, ќе останат како значаен документ на современата политичка историја на оваа држава.

Постизборна Македонија е еродирана по сите шавови! Иако календарски сме на почетокот на една нова година, во Македонија се испишани многу страници со општествено-економски и политички проблеми. Речиси два месеца по изборите, Македонија нема влада. Се чини дека без медијаторство на меѓународната заедница, тешко ќе излеземе од оваа политичка криза“, рече Талеска

 

 

Tags: ад хок телоДИКеродирана демократијазаробени институциимедијаторствополитичка кризаПржински договорСЈОхронологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ