„Денес слушнав дека станал пишман за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Северна Македонија од оваа иницијатива на Вучиќ, поддржана од Лавров. На пишман аџијата му велиме дека доцна се расонил. Останавте сами во ист кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој се плаши од поразот на ДУИ, затоа што се плаши од промената што ВРЕДИ“, рече на централениот митинг во тетовската општина Желино претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.
Тој во својот говор се осврна и на релациите со Косово и Албанија кажувајќи дека ќе ги продлабочува врските со Тирана и Приштина.
Таравари истакна дека нема да правиме како неговиот противкандидат кој својата прва посета како министер за надворешни работи ја направи во Белград и никогаш немаше билатерална посета на Република Косово.
Н. А.