• Latest
ФОТО: ЦИВИЛ

Таравари: ДУИ крадеше гласови на изборите, Груевски и Заев се исти

June 18, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Таравари: ДУИ крадеше гласови на изборите, Груевски и Заев се исти

June 18, 2021 20:15
in ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
ФОТО: ЦИВИЛ

ФОТО: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА разговара со градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, кој воедно е и генерален секретар на Алијансата за Албанците. Во контекст на претстојните локални избори, партијата во која тој е меѓу првите луѓе, се подготвува да освои што е можно повеќе гласови на теренот каде што директни и непомирливи политички ривали им се Демократската унија за интеграција.

Таравари жестоко ја критикува власта и тврди дека ДУИ краделе гласови на претходните избори. Не сака да се кандидира за втор мандат на градоначалник во Гостивар, но ќе ја прифати кандидатурата доколку нема друг излез. Неговата партија ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, затоа што „нема подобро решение“. Исто така, го сподели и објасни ставот дека се потребни предвремени парламентарни избори. Тврдо ја застапува споредбата на локалните избори во 2013 и 2017 година, за кои вели дека се исти, како што тврди и дека меѓу Груевски и Заев нема разлика.

Идејата за кандидат за градоначалник на општина Гостивар, Таравари вели дека дошла спонтано.

„Како министер за здравство, заедно со мојата екипа, бевме добро прифатени од граѓаните. Но како мала и нова партија, ние успеавме да дојдеме до бројка од 12 пратеници и 3 општини“, вели Таравари.

Но кога влегол во градоначалничката трка, д-р. Таравари вели дека никогаш не очекувал таа приказна ќе биде толку лоша, исполнета со стрес, нервози, притисоци и закани кои државата ги користела да го демотивира и спречи. На прашањето, дали повторно би се кандидирал за градоначалник, Таравари одговори

„ Ако јас лично се прашувам, не би се кандидирал повторно, напротив, би се повлекол уште пред 2-3 години. Сакам да им отстапи предност на младите да преземат, но доколку се доведеме во ситуација на ризик, би продолжил со втор мандат“.

Интервју со д-р Арбен Таравари. Разговорот го води Џабир Дерала, 17 јуни 2021 (фото: И. Чадиноски / ЦИВИЛ)

Таравари продолжи, велејќи дека освен со министерката Царовска, која во тоа време беше министерка за труд и социјална политика, и сега со министерката Шахпаска, со кои имале одлична соработка, други институции вршеле притисок врз општината, со огромен број инспекции и контроли од финансовата полиција, за која тврди дека нејзиниот директор е од редовите на СДСМ.

„ На Оливер Спасовски секој ден му праќав слики од шефот на полицијата во нашиот кабинет. Тој не најде за згодно да реагира или да праша дали смее шеф на полиција или командант да биде дел од партија. Сеуште јавно прашувам дали е во ред тоа да се случи. Јас не знам кој ги води тие институции но знам дека се под диктат на премиерот кој бара да е најде нешто во Гостивар, да не направи некој скандал или афера.  Да дојде во една општина финансовата полиција сто пати и во друга општина да не оди ниеднаш, тогаш значи има некакви сомнежи и нека ни кажат. Можеби грешам, но директорот на финансиска полиција е од СДСМ“.

Во однос на прашањето какви избори нѐ очекуваат, градоначалникот вели дека резултатите ќе покажат дали следната година повторно ќе има избори или ќе се одржат во редовниот термин за две и пол години. По тоа што тој го гледа, најверојатно ќе се оди само на локални избори на 17 октомври.

Според д-р Таравари, сегашната власт не успеала да направи дистинкција од претходната во однос на поткуп и кражба на гласови и полнење кутии. Алијансата се надева дека отпечатокот од прст ќе се случи и ќе покаже дека во Зајас, сепак, се полнеле кутии.

Никој не би помислил на предвремени избори доколку мнозинството било функционално, кажа Таравари додавајќи дека кога во парламентот ништо не функционира, логично е да се мисли за формирање на ново мнозинство.

Таравари изјави и дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ немало случај кога Македонец за да се вработи во администрација се декларирал како Албанец заради балансерот. Тој вели дека ВМРО тогаш работеле со ДУИ а ДУИ  сега работат со СДСМ и такви случаи има многу.  Ортаците на Груевски сега работат со Заев, кој што рекол дека „Албанците не вредат 5 пари“.

„ Ние сега зборуваме за проблеми на локално ниво, за училишта, за инфраструктура, поздрава животна средина, за сè што може да се подобри на локално ниво. “

На локално ниво, Таравари вели дека ако сакаат да победат ќе мораат да соработуваат со секого. Затоа, според него, коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори се наметнува како потреба.

Разговорот со д-р Таравари го водеше Џабир Дерала.

Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ