Градоначалникот на Општина Гостивар, д-р Арбен Таравари за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
-Општина Гостивар е специфична општина, во неа живеат Турци, Македонци, Албанци, Роми, структурата е слична како на Северна Република Македонија. Функционирањето на мултиетничноста во Гостивар може да послужи како пример за сите други општини, јас не се сеќавам во овие три и пол години да разговараме во кабинетот или во нашата администрација за некаков проблем и при тоа да направиме разлика дали се работи за населба во која живеат Турци или Македонци итн. Вака се функционирало и порано, не сакам да кажам дека тоа е така заради нас.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Игор Чадиноски