27-годишната Украинка Татјана Близниак сега на целиот свет му е позната како Киевската Мадона од метрото и стана покровителка во една од парохиите на Католичката црква во Неапол, Италија, објави Фејсбук страната „Meanwhile in Ukraine“.
Татјана веќе беше на 2-та ноќ од целосната руска инвазија кога се криеше од бомбардирањето во метрото во Киев. Во тој момент жената седејќи на подот го хранела своето тримесечно дете, стои во објавата.
Оваа слика стана икона во една од парохиите на Католичката црква во Неапол, Италија.