• Latest

Чингоски: Советот на Општина Охрид да свика итна седница за состојбата со Езерото!

February 15, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чингоски: Советот на Општина Охрид да свика итна седница за состојбата со Езерото!

February 15, 2017 16:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако сме загрижени (па, макар и декларативно) за состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро, ако сме искрени во тврдењата дека превземаме сé за неговата заштита, тогаш, зошто не се прифати алармантниот повик на еколошките друштва и стручната јавност да се произнесе, дали актуелната состојба е алармантна или не, дали има и ако има – какви се последиците, а ако има негативни последици, кој е одговорен за нив. И секако, еднаш да се заврши со злоупотребата на водата од езерото, за производство на електрична енергија.

Пишува: Владо Чингоски

Доколку надлежните молчат и се прават глуви и слепи, тогаш Советот на Општина Охрид, нека свика вонредна седница (може и редовна, оти поминаа денови, па сега може да почека езерото уште некој ден), на која ќе се повикаат стручни лица од оваа област да ги запознаат советниците, а преку нив, и пошироката јавност за актуелната состојба. Советниците да донесат заклучоци, заклучоците да ги преточат во барања за донесување на посебен закон за заштита на Охридското езеро (секако и нов билатерален договор со Албанија за заштита и искористување на водите од езерото) со што би се нормирало искористувањето на водите, но и би се предвиделе казни за злоупотребата од непланското искористување на езерските ресурси.
Секако дека на една таква седница би се лоцирала и побарала одговорност на одредени министерства, фирми па и поединци кои ја злоупотребиле, евентуалната, надлежност, а со тоа го довеле Езерото во ваква состојба.

Но, советниците треба за јавноста да обезбедат одговори и на следните прашањата за акумулацијата Шпиље:

Дали за 27 јануари 2017, според планот било 0, а пуштиле вода за производство на 84 mwh електрична енергија, за 28 јануари 2017, според планот, било 0, а пуштиле вода за 108,6 mwh, а за 29 јануари 2017, според планот било 0, а пуштиле вода за производство на 695 mwh електрична енергија.

Дали во акумулацијата Шпиље пуштиле 45% повеќе вода од планираното, а 2016-та дури 78,9% повеќе вода? Или, Глобочица пуштила повеќе 33,8%, а за 2016-та – 18% повеќе вода од планираното.

Секако дека за вистинитоста или паушалноста на овие податоци, би се побарал одговор од надлежните органи и институции уште на самата седница на Советот.

(Авторот е адвокат од Охрид)

Tags: Владо Чингоскиелектрична енергијаОхридседница на советЦивилШпиље
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ