• Latest

Чичаковски и кредибилитетот на локалните избори 2017

October 9, 2017

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чичаковски и кредибилитетот на локалните избори 2017

October 9, 2017 14:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија со консензус го заклучи Избирачкиот список, а Александар Чичаковски, претседателот на ДИК, заклучи дека истиот е добра основа за одржување на фер, демократски и кредибилни избори.

Со оглед дека ДИК беше задоволна од јавниот увид, политичките партии исто така, со претпоставка дека нивното членство не е изоставено, ништо не ги спречува 1.814.644 гласачи да го искористат своето право на глас.

Мала дигресија, ако на парламентарните избори во декември 2016 право на глас имаа 1.784.416 гласачи, а за помалку од една година не се намалил бројот на иселени лица, ниту пак има драстични промени во статистиката за наталитетот и морталитетот во земјата, бројката од 30.000 плус гласачи и не е толку мала. И, да, тоа се оние што минатата година беа спорни, па оваа година излегува дека веќе не се. Конфузија. Важно, Избирачкиот список е во толку добра состојба што нема да биде пречка за исходот на локалните избори на 15 октомври.

Чичаковски се повикува и на големата бројка граѓанки и граѓани што извршиле јавен увид во Избирачкиот список. Односно, 21.594 до 9 септември кога заврши јавниот увид во Избирачкиот список. Ако со оваа бројка ДИК е задоволна, потребни ли се дополнителни коментари за аргументација?

ДИК се потпира на релевантни институции, како што изјави Чичаковски за Радио Слободна Европа, односно на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, во делот со внатрешно раселени лица, Државниот завод за статистика, а тука се да приговараат и политичките партии. Битен фактор се и податоците од општинските изборни комисии кои беа надлежни за јавниот увид на Избирачкиот список.

Или, ако нешто не чини, топката од ДИК се префрла во МВР и обратно, или ако и овие избори, како и минатите, ДИК се прогласи за ненадлежна, а веќе се прогласува во неколку случаи, овој пат не мора ниту да го поставиме прашањето за да го знаеме одговорот: граѓанките и граѓаните повторно ќе бидат виновни за непрочистениот Избирачки список, а богами и одговорни.

Значи, драги наши гласачи, доколку мистериозно сте исчезнале од Избирачкиот список, самите сте виновни, доколку некој невидлив ви се шета по дома, а многу видлив и легитимен фигурира во Избирачкиот список, ваша грешка, а не институционална. Ако некој починат реши да се појави на гласање, ваш пропуст е што немате духовен контакт со вашите починати, мајка, татко…, а не на државните службеници што требале да ги внесат во системот.

Точно, Чичаковски е во право кога вели дека само триесетина пријави се разгледани за барања за запишување, промени и бришење во податоците на Избирачкиот список. Или, само за толку биле во можност да најдат решение?

Како и да е, според изјавата на Чичаковски, забелешките на експертите се нотирани, но тоа е методологија што се користи со години наназад, (а нели, заклучокот е дека сјајно функционира) и дека во самиот процес се инволвирани релевантните институции.

Е, сега да не заборавиме дека цело семејство се пресели кај комшиите, граѓанин од Аеродром иселува стар фантом, вселува двајца нови, а граѓанка со поднесено барање за бришење на податоци од Избирачкиот список, од ДИК ја упатуваат од МВР, па случајот стигнува пак до ДИК, па се чека на одговор, па се заклучува Избирачкиот список и ништо не се менува… Звучи познато?

И сѐ е според закон и легитимно.

ВМРО-ДПМНЕ, како што е редот, ја презема улогата на добра опозиција и излезе со свои обвинувања на сметка на СДСМ. Од партијата обвинија дека дел од ДИК работи во интерес на СДСМ и дека членови на ОИК се појавувале на митинзите на власта. Минатата година се појавуваа на нивни митинзи, сега откажале послушност, што е многу ризично, посебно кога станува збор за борба на локално ниво. Новинарката на РСЕ го посочи оваа прашање, а Чичаковски, галантно одговори дека и тука има утврдена методологија со целосно законски чекори на постапување во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, а ако некој сакал да приговара, можел уредно да си достави документација до ДИК и да се започне процедура за утврдување на фактите. Голем пропуст за опозицијата, џабе се бунат.

Не е џабе везење, плетење, штиркање, крпи-закрпи приказна.

Извештајот за мониторинг на парламентарните избори во 2016 на ЦИВИЛ е добро четиво, ако сакате да знаете што не очекува на 15 октомври.  Најголемите грешки од минатата година слободно пресликајте ги оваа година. И така, кога станува збор за Избирачкиот список, хаосот е веќе започнат.

Довербата во Избирачкиот список е потполно нарушена, и ниту ДИК ниту пак другите институции, релевантните, преземаа нешто да ја вратат.

Можеби Чичаковски и не е докрај виновен, како носител на функцијата претседател на ДИК, кога располага со Изборен законик на кој итно му се потребни измени. Тука на сцена стапува Собранието. Точно, овој пат оградувањето е краткиот рок до изборите, и следствено, неможноста во тој рок да се промени нешто. Но, тоа не значи дека успехот на власта на локалните избори, како што се очекува, треба да ги стави во втор план сите мерки за заштита на гласачкото право.

Сепак, Македонија е земја која практикува политика на избор, за избори во секое време од годината, во долгогодишен континуитет, и тука не очекувајте промени.

Биљана Јордановска

Tags: Александар ЧичаковскиДИКизбирачки списокЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ