• Latest
Damjan Temkov

Темков: Граѓанското новинарство ги прикажува сите аномалии и девијации во општеството

June 24, 2019

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Темков: Граѓанското новинарство ги прикажува сите аномалии и девијации во општеството

June 24, 2019 11:27
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА
Damjan Temkov
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓанското новинарство не е како професионалното новинарство туку благодарение на новата ера на брза комуникација, односно граѓаните со своите мобилни телефони имаат можност да известуваат за појавите што секојдневно се случуваат околу нив“, вели граѓанскиот новинар Дамјан Темков.

Преку граѓанското новинарство има можност да се прикажат сите аномалии и девијации во општеството, односно дополнително разоткривање на проблемите што ги имаме, и сметам дека е добра алатка и начин како луѓето да помогнат во секојдневието во различни ситуации.

Доколку станува збор за лажни вести или говорот на омраза може многу лесно да се провери таа информација, и да се види дали е тоа навистина така, односно да биде брзо детектирано, видено и разоткриено, особено во локалните средини. Но, не треба само да биде детектирано и да биде последната алка во приказната, туку треба да реагираат институциите и мислам дека тоа е најголемиот недостаток во сегашната ситуација бидејќи гледаме дека многу луѓе се активни како граѓански новинари, меѓутоа, таму завршува приказната и нема никакво дејство од властите кои треба тоа да го санкционираат.

Со граѓанското новинарство почнав да се занимавам откако снимав како работници работат на топло, и таа информација силно одекна и престана да се работи на жешкото време. Меѓутоа, има доста информации кои се објавуваат од граѓанските новинари како што е несовесно паркирање, ѓубре… но тоа останува само вест и лајкови на социјалните мрежи. Институциите, односно полицијата треба сериозно да работат и да ги санкционираат тие што треба.

Треба да има соработка меѓу институциите и тие што објавуваат информации, како што е ЦИВИЛ или некоја друга организација.

Мојата соработка со ЦИВИЛ беше сосема случајна и во текот на изминатиов период добив неколку награди за граѓанско новинарство, што се доста поттикнувачки да продолжам да објавувам стории. Но, треба да има некоков ефект и реакција од институциите од тие стории, бидејќи ако остане само на ЦИВИЛ и на лајкови, нема да има никаква поента.

Maja Ивановска
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Mарија Вишинова

Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ