Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката предизвикана од петарди е примено во новогодишната ноќ на скопската КАРИЛ. Тоа веднаш е оперирано, но ќе остане со траен инвалидитет, велат лекарите, објави ТВ Телма.
Според извештајот на телевизијата, со полуоткинат прст останал и битолчанец кој синоќа палел огномет. И врз него е извршена интервенција во Клиничката болница во Битола, а лекарите успеале да му го спасат прстот.
Само за еден месец на хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ во Скопје со повреди од пиротехнички средства се јавиле 50-тина пациенти, најмногу малолетници, на возраст од 12 до 17 години, а дел од нив останале со траен инвалидитет, без прсти на раката, објави ТВ Телма.