• Latest

Врвни експерти и аналитичари оценуваат дека нè очекува тежок изборен процес

September 25, 2017

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Врвни експерти и аналитичари оценуваат дека нè очекува тежок изборен процес

September 25, 2017 16:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори распишани за 15 октомври ќе бидат сложени. Тие се тест за политичките партии и за државната администрација, за тоа колку се подготвени да имплементираат фер и демократски изборен процес, оценија аналитичарите и експертите на конференцијата „Слободни избори за слободно општество“, што денеска ја организира ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Врвни експерти и аналитичари, како и претставници на институциите и на граѓанското општество заклучија дека, имајќи ги предвид досегашните искуства на неказнивост на сторителите на изборни нерегуларности, како што рекоа дел од нив, прашање е дали и натаму „неправото“ ќе биде „право“ во Македонија.

Н.Е.Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија

Германскиот амбасадор Томас Герберих во своето обраќање на почетокот на конференцијата, ја акцентираше поддршката на Германија за реформите што ги спроведува македонската Влада, како и поддршката за ЦИВИЛ во изминатите неколку години.

„Процесот на локалните избори е битен предуслов. Сите јавни тела треба да работат за јавен интерес, да се почитува законот. Одлуките мора да бидат предвидливи, а фундаметалните права мора повторно да бидат воспоставени. Мора да се направат промени. Со вашите последни извештаи, се потврди дека има нерегуларности во Избирачкиот процес. Борбата против корупцијата и практикувањето одговорност, претставуваат многу битен елемент во тековниот изборен процес. За неправилностите мора да следат санкции. И оваа практика, мора да започне на локалните избори, тие се момент за нов почеток“, порача амбасадорот Герберих.

Според Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт, треба многу да се работи, за да опстане демократијата во едно општество, а изборите се основа на демократијата.

„За да имаме добри избори, треба добри луѓе што ќе си ја вршат работата. Треба луѓето да излезат и да гласаат, но само еднаш. Потребно е политичките партии да спроведуваат кампања што е во рамки на законот. Потребни ни се изборни службеници, што ќе си ја вршат својата работа, без злоупотреба на државните ресурси и тоа, од почеток до крај на изборниот процес“, истакна Хеншо.

Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт (НДИ)

„Кршењето на изборната регулатива ќе продолжи и натаму. Но, суштината на проблемот е на едно друго место, во остварување на слободата на изборот, како столб на концептот за остварување на човековите права. Затоа, треба да работиме на поимот слобода на избори“, рече професорката д-р Мирјана Најчевска.

„Не треба да се дозволи медиумите повторно да станат алатка на власта. Треба да се однесуваат критички кон работата на власта и на локално и на централно ниво“, порача Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиуми.

„Изборите ќе покажат, која насока ќе ја фатат натаму партиите во Македонија. Ако се случи некаква форма на пораз, не само Груевски што ќе си замине од партијата, туку ќе дојде до реформски прогрес, што го започна реформското крило во ВМРО-ДПМНЕ“, оцени аналитичарот Сашо Орданоски, член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ.

„Битно е транспарентно финансирање на изборната кампања, без пари од државата, општините, јавните претпријатија и установи. Исто така, потребни се јавни и транспратени извештаи на радиодифузерите и печатените медиуми“, препорача правната експертка, Сандра Гавриловска, членка на Експертскиот борд на ЦИВИЛ.

„Во изборните процеси, присутна е корупцијата. Тоа е најпримитивното ниво на изборни злоупотреби. Се појавуваат луѓе со торби и ден пред гласање, им даваат на гласачите по 10, 20, 50 евра, особено во средини, каде што има лица со социјални проблеми“, посочи Драган Малиновски, правен експерт, поранешен член на Антикорупциска комисија.

„Очекувам секоја институциија да си ја преземе обврската и да се спроведат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Имаме повреда на Копенхашките критериуми, а за да бидат овие избори фер и демократски, треба да се исполат сите предуслови“, рече експертот на ЦИВИЛ, Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК.

„Барам законот да се почитува. Мораме бурно и будно, со значајна улога и надлежност на граѓанскиот сектор и медиумите, да го следиме однесувањето на ДИК и сите органи коишто ги спроведуваат изборите“, рече професорот д-р Осман Кадриу.

„И покрај ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, од 2011. во Македонија овие граѓани сè уште се дискриминирани. Уставот им дава права на сите граѓани, освен на овие лица, на кои им е одземена деловната способност. Откако ќе им се одземе деловната способност, овие луѓе се бришат од Избирачкиот список. Во неколку земји од поранешната СФРЈ, дадено им е право на глас на овие граѓани“, рече Благица Димитровска, лидерка на граѓанската организација „Инклузива“.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, апелираше до граѓанките и граѓаните да ги пријавуваат сите регистрирани аномалии за време на изборниот процес. Тој беше дециден во својата порака: „ЦИВИЛ има нулта толеранција за изборни нерегуларности! Како организација за човекови права, ветуваме дека секој ден ќе објавуваме извештаи од теренот и ќе бараме од институциите да преземат мерки, веднаш! Очекуваме дека ќе имаме деликатни избори, валкана кампања, и многу мирен прв дел од изборниот ден, а за потоа, ќе видиме“, акцентрише Дерала.

Денешната конференција е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Моника Талеска

Фото: Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: демократијаДИКзлоупотребиизборен процесконференцијалокални избориСлободни избори за слободно општествоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ