• Latest
Добро утро со Орданоски

Ти ги крстиш, они прдат!

September 6, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ти ги крстиш, они прдат!

September 6, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ниманието со кое меѓународната заедница, на различни, до највисоки нивоа се труди да го поддржи актуелниов македонски напор за успешно одвивање на нашава евро-атлантска приказна, е трогателно. Писма, апели, изјави на бодрење, делегации и емисари кои се редат како на индустриска лента, новински текстови и радио-телевизиски репортажи во десетици престижни медиуми, го ставија Скопје во центарот на европското внимание како што тоа одамна, многу одамна не ни се случувало. А и кога ни се случувало, бевме во фокусот на меѓународната загриженост заради кризите и заканите со кои се соочувавме во изминатите триесетина години. Денеска, пак, сме претставени како изненадувачки успешна приказна којашто рефлектира стабилност и пријателство во целиот регион.

Ефектите од тоа се мерливо позитивни: директните странски инвестиции и извозот бележат децениски рекорди, бројот на странските туристи само расте, количеството на странската поддршка за нашите реформи практично зависи само од тоа колку ние гладна уста ќе отвориме, течат меѓународните развојни финансиски фондови под услови како кога блиското семејство би ви позајмило пари за да си купите нов стан…

Е, сега, има една сурија овдешни мрчатори, а и еден список на разни дијаспорични Џоновци и Половци од Мелбурн до Детроит, за кои и тоа не чини! Со тоа, наклапаат мрчаторите, странците – тие лицемери и докажани мрачни сили со двојни стандарди кои перфидно сакаат да нè обезличат! – правеле „притисок“ врз слободата на граѓаните за изјаснување на референдумот.

Ти ги крстиш, они прдат. Само чекам да се најде некој од анти-референдумсково движење – најверојатно ќе биде и со докторска титула пред името, од универзитет финансиран и од фондовите на ЕУ, на пример – кој ќе побара Меркел, кога ќе слета во Скопје, да клекне и да ни се извини за злосторите на фашизмот од Втората светска војна (иако, пригодно, забораваат овдека кој кого поддржуваше во таа светска хаварија!), а баш е згоден момент и сметка за некои неисплатени воени репарации да ѝ испорачаме на сегашнава германска канцеларка, колку да се знае дека македонската гордост и библискиот идентитет, овој наводен папок на светот, не можат да се доведат во прашање со една посета на Скопје! Raus!

Всушност, кога ги слушам и читам оние кои се против референдумското изјаснување – што е, молам, сечие демократско право – ако ги исклучам овие што отворено и ирационално си го мразат, општо, Западот (или, конкретно, Грција); и оние кои се на директен руски платен список; или оние кои имаат витален „правосуден“ или кариерен интерес за нова политичка криза во земјава; тогаш останува еден број на анти-референдумски пропоненти чии аргументи, реално, не ги разбирам. Има во нив нешто општо морализирање и конкретно „историзирање“, можеби и одредена желба за политичко балансирање и воопштено „дување на маштеница“, но, на крајот, целата позиција им изгледа прилично неубедителна кога ќе се спротивстават неспорните придобивки наспроти неизбежните ризици од неуспехот на референдумот, за што се залагаат. Т’нко, брате. А повремено и прилично наивно, местимично суетно, тука и таму по некоја фрустрација и дестилиран инает.

Но, за тоа се боревме: секој да може да си го каже ставот, а за тоа да нема последици. Во таа смисла, референдумот веќе може да се прогласи за успешен. Каков што, сепак, ќе биде и фактичкиот резултат од гласањето.

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат (7/9/2018).

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: бојкотдемократијаЕУинвестициимеѓународна поддршкаМеркелреферендум
Share289TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ