• Latest
Фото: Скриншот

Тимот на Трамп го советува да не разговара со Путин додека не се согласи на прекин на огнот во Украина

April 4, 2025
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Тимот на Трамп го советува да не разговара со Путин додека не се согласи на прекин на огнот во Украина

April 4, 2025 10:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Внатрешното опкружување на американскиот претседател Доналд Трамп го советуваше да не одржува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин додека Кремљ не се согласи за прекин на огнот во Украина, објави NBC News на 3 април, цитирајќи двајца неименувани официјални лица.

Според двајцата функционери на администрацијата, до попладнето не бил закажан разговор меѓу Трамп и  Путин. Внатрешното опкружување на Трамп го советува да не разговара со Путин додека тој не се обврзе на целосен прекин на огнот, рекоа официјалните лица.

Претставниците на администрацијата предупредија дека Трамп може да одлучи дека сака да разговара со Путин одеднаш. Но, тие рекоа дека бил советуван дека телефонскиот повик не е добра идеја, освен ако Путин не и пренесе на Белата куќа дека се согласува со целосен прекин на огнот во руско-украинската војна.

Трамп во неделата за NBC News изјави дека планира да разговара со Путин оваа недела. Тој, исто така, рече дека е „многу лут“ на Путин што рекол дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се повлече.

Рускиот преговарач Кирил Дмитриев синоќа во Вашингтон се сретна со претставници на Белата куќа и републикански пратеници, соопштија тројца американски претставници запознаени со состаноците. Не е јасно дали Трамп се откажал од состанокот во кој било момент.

Дмитриев синоќа во Белата куќа се сретна со републиканските сенатори Линдзи Греам од Јужна Каролина и Марквејн Малин од Оклахома на барање на Трамп. Групата разговараше за условите за ставање крај на војната во Украина и за барањата на Путин за прекин на огнот, изјавија тројцата американски официјални лица.

Д. Мишев

Tags: Владимир ПутинДоналд Трамппрекин на огноттелефонски разговор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ