Владата на Република Северна Македонија, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и Државната изборна комисија (ДИК) без одговор на прашањето на ЦИВИЛ – дали ќе преземат некакви мерки, односно како ќе го коментирате тоа дека министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на својот Фејсбук профил се пофали дека во нејзиниот кабинет разговарале за локални избори и остварила конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пријателска и конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и пратеникот Тони Јаревски. Разговаравме за претстојните локални избори и за важноста на визијата и одговорниот пристап во управувањето со општините. Карпош заслужува нова енергија посветена на граѓаните, чесна и ефикасна локална власт“, објави министеркатаза финансии.
Фотографијата од средбата за „локалните избори“ со партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, министерката Димитриеска-Кочоска ја објави на Фејсбук во работно време во 11:42 часот, на 6 август 2025.
ЦМДТ