Categories

ИЗРАЕЛ Телефонски разговор помеѓу Путин и Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговараа за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестинците.

– Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на  судирот помеѓу Израел и Палестина, изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва.

Путин потенцира дека односите помеѓу Израел и Палестинците се далеку од тоа што посакува Русија.

– Трамп му изјави и сочувство на Путин поради падот на рускиот патнички авион, при што загинаа 71 човек, соопшти Кремљ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Print Friendly, PDF & Email