Меѓународната промоција на „Телеграми за Ангел Палмерас“, приказни од едно детство поминато во војна, авторот Јасмин Хоџиќ ја започнува токму во Македонија.
Промоцијата ќе се одржи денес во просториите на ГЕМ клубот, Менада, Стара Чаршија со почеток во 18 часот.
Покрај авоторот, за книгата ќе зборуваат и Елмедин Зубовиќ од Интернационален универзитет Сараево, Ади Масло од Факултет за хуманистички науки Мостар, Муљаим Каќка од Едукациски факултет Призрен и Харун Мациќ- Караѓоз, бегова медреса – Мостар.
Модератор на промоцијата ќе биде Сабина Смајовиќ -Муриќ, а делови од книгата ќе читаат Изета Бабачиќ и Мериса Мандал.
Половина час порано Хоџиќ ќе даде изјава за медумите.