• Latest

Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

January 14, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

January 14, 2026 12:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Точно на пладне денеска на иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците  ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии.

Како што е најавено, според дневниот ред на средбата ќе се разговара за клучни реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик, можноста за укинување на техничката влада, како и за други прашања предложени од учесниците.

За првпат лидерска средба без главната опозициска партија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, единствен го одби повикот, со став дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори.

За разлика од СДСМ, ДУИ одлучи да биде присутна на средбата и тоа го оцени како израз на партиска одговорност и државотворност. Од Мала Речица потенцираат дека Генералниот совет на ДУИ со целосен консензус донел одлука партискиот претседател Али Ахмети да учествува на лидерската средба.

Од коалициските партнери во Владата, на средбата се очекува да присуствуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставник од коалицијата „Вреди“, Биљал Касами. Учество на средбата потврди и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ.

СДСМ: Средбата го легитимира криминалот и корупцијата

Во соопштение до јавноста, СДСМ остро реагираше на најавената средба, оценувајќи дека секој што ќе учествува на разговорите за укинување на техничката влада станува соучесник во легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, спроведување на анти-ЕУ кампања за изолација на земјата, план за предвремени избори без основни услови за фер и демократски процес и реализација на планот „мигранти за пари“.

„Сите чекори што власта досега ги презема веќе ги најавивме – изолација, избори, мигранти за пари. Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може подоцна да каже дека не бил соучесник“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека партијата останува со граѓаните и, како што истакнуваат, на вистинската страна – на страната на Македонија, на страната на интеграцијата, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот.

Мицкоски жали за одлуката на СДСМ, Левица условува

Премиерот Мицкоски изрази жалење за одлуката на СДСМ, нагласувајќи дека сакал инклузивен процес.

„Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада“, рече Мицкоски.

Левица најави присуство, но со услов укинувањето на техничката влада да оди во пакет со една изборна единица. „Сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог“, изјави пратеникот Амар Мециновиќ.

М. Д,

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ