• Latest
Фото: МИА

Традиционалниот Марш на црвените чадори: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

December 15, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Традиционалниот Марш на црвените чадори: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

December 15, 2023 14:59
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сексуалните работнички предводени од првиот колектив на сексуални работници на Балканот, „СТАР“ и здружението за опции на здрав живот, „ХОПС“, денеска со Марш на црвените чадори традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември.

Како што истакна извршната директорка на здружението „ХОПС“ – Опции за здрав живот Скопје, Хајди Штерјова Симоновиќ, она што е поразлично од изминатите години е што годинава одбележуваат 15 353 денови до правда по донесувањето на пресудата на Граѓанскиот суд во нивна корист, пренесува МИА.

– Оваа година сексуалните работнички конечно остварија правда поради прекршување на нивните права од страна на институциите, истакна Штерјова Симоновиќ и додаде дека првиот пат пресудата била вратена на повторно одлучување, при што Основниот суд повторно утврдил повреда на правата, со што вториот пат Апелациониот суд ја прифати пресудата наведувајќи дека не им биле прекршени правата без да даде соодветна правна аргументација.

Таа нагласи дека токму тоа е повредата што ја утврди Европскиот суд за човекови права утврдувајќи дека на четирите апликантки, од 13 само четири продолжиле понатаму за Европскиот суд, Министерството за внатрешни работи им ги повредило правата, но и дека Апелациониот суд со тоа што само ја уважил жалбата на МВР без да даде никакво образложение повторно им ги повредил правата. Како резултат на тоа, Европскиот суд за човекови права им досуди обештетување од 3300 евра.

– Оваа пресуда е важна затоа што првпат сексуалните работнички се охрабрија да побараат судска заштита поради институционално насилство и првпат истрајаа во постапката докрај. Оваа пресуда на ЕСЧП потврди дека сексуалните работнички треба подеднакво да ги уживаат своите човекови права и дека државата има обврска подеднакво да ги штити правата на сите граѓани. Пресудата на Европскиот суд дава можност преку повторување на постапката пред Националните судови да се исправат неправдите сторени врз сексуалните работнички, рече Штерјова Симоновиќ и додаде дека со оваа пресуда испраќаат порака до националните институции и судовите дека во демократска држава сите се еднакви пред законите и уставот и правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат.

Како што нагласи, „ХОПС“, „СТАР“ и сите останати поддржувачи на сексуалните работници секоја година работат за да се декриминализира сексуалната работа. Нивната цел е луѓето што се занимаваат со сексуална работа да бидат еднакви пред Законот и пред Уставот во државата.

– Во изминатите четири – пет години секоја година поднесувавме до Владата, кога ја правеа годишната програма, иницијатива за декриминализација наведувајќи ги сите правни основи и сите аргументи коишто одат во прилог на ова барање. Од некои институции добивавме некаков одговор, а тоа беше да се напише некаков закон којшто ќе го уреди сето ова, а потоа да се декриминализира во Кривичниот законик и во Законот за прекршоци против јавен ред и мир каде што се уредени овие дејности.

 

На маршот три од сексуалните работнички во изјава за медиумите го раскажаа искуство од вечерта на приведувањето, како и од текот на судењето.

–  Мило ми е што некои од државите мислат на нас. Ова е прв пат ние како сексуални работнички да добиеме правда, изјавија тие.

На 20 и 21 ноември 2008 година, во вечерните часови, полицијата спровела полициска акција наречена „Сузбивање на улична проституција”, во која биле лишени од слобода 32 лица, од кои 23 сексуални работнички. Од нив 13 сексуални работници поднесоа тужба за заштита на нивните лични права пред Граѓанскиот суд во Скопје, кој во два наврати утврди повреда на правата и ги задолжи МВР и Кривичниот суд Скопје да ја надоместат штетата за извршените повреди. Откако Апелацискиот суд конечно ја преиначи пресудата, четири од жртвите борбата ја продолжија пред Европскиот суд за човекови права.

Tags: марш на сексуални работничкиЦрвени чадоричовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ