• Latest

Трајков: Нападот врз 18 новинари доволно зборува за медиумската слобода

January 30, 2018

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трајков: Нападот врз 18 новинари доволно зборува за медиумската слобода

January 30, 2018 09:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „Од разбирање до одбрана“ ЦИВИЛ Медиа со новинарот Ване Трајков разговараше за слободата на изразување, медиумските слободи, професионалноста, состојбите со медиумите во Македонија и притисоците со кои тој се соочувал како новинар. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставуваат слободата на изразување и медиумските слободи?

Трајков: Слободата на изразување, самиот збор го кажува тоа дека слободата на изразување и медиумската слобода е да се пренесат информации коишто ќе бидат точни, ќе бидат професионални и проверени информации, од една страна да не задираат во некакви лични судбини, да не задираат на религиска, етничка и национална основа, односно да не се загрозуваат тие основни права и човекови слободи. Значи, според мене, секој има право на свое изразување, но сепак, тоа изразување да биде проверено, треба да биде точно, професионално, да се сослушаат сите страни и оној што те слуша да има можност самиот да расудува, а не ти да наметнуваш свое влијание. Слободата на изразување ја гледам пред се во унапредување на демократијата, односно секој да има право на свој глас. И доколку, нели, тоа му биде скратено, се скратуваат основните човекови права. Тука е поврзана и таа нишка со медиумската слобода, каде што ако немаме слобода на изразување, тогаш немаме ни медиумска слобода. Ако можеш слободно да се изразиш без да навредиш некого на која било основа, тогаш и медиумската слобода ќе биде полесна.

Но пак ќе повторам, потребна е проверена, точна и брза информација. Тогаш за мене е вистинската слобода на изразување, без плукање, без пцовки, без лични навреди. Бидејќи тоа се коси и со новинарските стандарди и правила, но и со секое човечко достоинство.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ги оцениле состојбите со слободата на медиумите во Македонија?

Трајков: Години ќе требаат за да се врати слободата на медиумите. Колку и да се правиме наивни дека имаме слобода на медиумите, не е така. Би рекол дека многу работи се испуштија низ текот на годините и многу време ќе помине додека повторно имаме вистинска слобода на говор и во медиумите. Но, според мене, во ова модерно време, дојде наплив на многу медиуми пред се, особено интернет портали, каде што, впрочем, не се запазува тој норматив да не се критикува без основа. Тука настана една рашомонијада и буквално сведоци бевме на ‘копи пејст’, на повикување од еден на друг медиум. Сето тоа ја уништи слободата. Со пласирање на еднострана информација. Информација која што ниту е проверена, ниту е точна. Едноставно со цел само да се деградираат одредени настани, појави и личности. Многу време ќе ни треба за сето тоа да се направи.

Кај нас 18 новинари биле нападнати изминатата година. Тоа доволно зборува дека во Македонија нема медиумска слобода. Новинарите секогаш пречат. И пред политичарите и пред бизнис заедницата. Едноставно, кога би сакал да дознаеш како се трошат одредени пари, јавни пари, и дека одредена бизнис заедница сака преку тој јавен колач да зграби многу повеќе, тогаш… реков податокот дека 18 новинари се нападнати, физички или вербално, во текот на 2017 година, зборува дека време ќе треба за да се врати достоинството на новинарската професија, достоинството на медиумите и едноставно, да ги остават медиумите да работат професионално, со проверени информации и без било каква позадина.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочиле со притисоци од политички и бизнис центри на моќ и како се справувате со истите?

Трајков: Лично, притисоците доаѓаат по објавувањето на одредена информација, иако засегнатата страна била консултирана, била прашана. Но, целиот пакет не му одговара. Едноставно, вистината го боли. Нам ни треба медиумска писменост. Ние тоа го загубивме. Веќе реков, во тој налет на многу информации, секој стана новинар, секој стана медиум, и едноставно се пласираат секакви информации, што можеби до некој степен е добро за слободата на говор, но ги надминува сите тие граници на она достоинствено слободно изразување. Од тој аспект велам дека нам ни недостасува медиумска писменост. Да знаат дека новинарот доколку професионално го изработил тој прилог, доколку ги сослушал сите страни, излегува вистината на виделина и таа вистина не треба да боли.

Како се справувам? Ништо, едноставно, она што секогаш го велам: ‘имате право на демант’.

Политичките и бизнис центрите на моќ сакаат информации според нивните желби. Мислам дека тоа тешко дека ќе може да се случи, да им удоволиме, иако се бориме. Во мали средини е многу поопасна работата, бидејќи те знаат на улица, вратите ти се затворени, никаков проток, оцрнета овца итн.

Едноставно – дијалог. Така можам да кажам дека лично јас се справувам со тие центри коишто притискаат дека не треба да се објави одредена информација. Но јас преку дијалог се обидувам да објаснам дека тоа ми е работа, имате право да си го кажете сопствениот став. Иако на самите почетоци сум доаѓал и до судови за такви работи.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Трајков: Мои препораки? Тоа е многу комплексно прашање според мене. За да биде еден медиум слободен и не само слободен, јас пак ќе кажам, професионално да известува и да информира, треба да биде независен. Кажете ми кој медиум во нашава земја не е зависен? Било како и на кој начин, сите сме зависни. И пак ќе повторам, потребно е професионално информирање во Македонија и медиумска писменост. Да се отстранат тие лажни информации.

Од една страна тука треба и контрола од надлежните во нашата земја, како што е Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, којашто на некој начин дозволи рашомонијада во медиумскиот простор во Македонија. Каде што секој можеше се да си каже, без да провери дали е точна информацијата, па таа со ‘копи – пасте’ секаде можевме да ја слушнеме, и не презема никакви мерки. Значи, ние немаме државен механизам. Јас не сум за да се контролира слободата на изразување, но во секој случај, секоја информација да биде проверена, да биде професионално изработена и да биде точно пренесена. А не да се деградираат одредени појави.

Моите лични за поголема слобода на медиумите се тие, да излезат на површина вистинските медиуми. Кога тоа ќе се случи ќе можеме да зборуваме и за слобода на изразување и слобода во медиумите. Моја препорака, контрола на медиумите, ослободување од тие бизнис и политички притисоци. И, секако, ослободување на пазарот, за да не можат политичките центри на моќ да даваат насоки за тоа кој каде треба да се рекламира.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анкетаВане ТрајковМедиуминовинарпритисоцислобода на изразувањеСтрумицаТВ Висцензура
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ