• Latest

Трамп и Путин се соочуваат со нуклеарни опции на самитот во Хелсинки

July 13, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трамп и Путин се соочуваат со нуклеарни опции на самитот во Хелсинки

July 13, 2018 10:59
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај многуте теми за разговор на Самитот во Хелсинки, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе разговараат и за една со која беа преокупирани нивните претходници – како да се избегне нуклеарна војна. 

Според „Фајненшл Тајмс“, експертите предупредуваат дека отсуството на дијалог и взаемна доверба во изминатите четири години ги стави двете нуклеарни супер сили во ризик да не може да се спречи ескалација во случај на некоја криза, се додека новата генерација оружја и можноста за кибер-војни можат да ги уништат постоечките догоори за контрола на оружјето.

– Некогаш постоеја правила и договори како и верување дека тие ни се потребни, оцени Олга Оликер директор на програмата за Русија и Евроазија во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

– А постои многу недоверба и увереност дека другата страна активно настојува да ја дестабилизира ситуацијата, додаде таа.

Двете страни се обвинуваат за кршење на Договорит за уништување на ракети со среден и мал дострел потпишан во 1987 година меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз со кој се забрануваат ракети со дострел меѓу 500 и 5.500 километри.

САД и Русија допрва треба да почнат разговори за тоа што ќе направат кога во 2021 ќе истече новиот договор за намалување на стратешки оружја (Новиот СТАРТ) потпишан во 2010 година, а според кој двете земји својот нуклеарен арсенал го намалија на 1.550 активни боеви глави.

Од клучно значење е да се најде решение за тоа. САД и Русија заедно поседуваат 13.300 боеви глави што е 92 отсто од вкупниот светски нуклеарен арсенал.

– Многу вознемирува начинот на кои Русите и Американците сосема различно зборуваат за прашања поврзани со одбраната и неширање на нуклеарното оружје, изјави еден западен дипломат во Москва.

Џон Хантсмен, американски амбасадор во Русија вели дека контролата на оружјето треба да има истакнато значење меѓу прашањата кои се на двенен ред во Хелсинки.

Тој рече дека веројатно ќе се разговара за можноста за продолжување на важноста на Новиот СТАРТ за уште пет години што го овозможува постоечкиот договор.

„Фајненшл Тајмс“ потсетува дека и претходно имало слична ситуација. Контролата на оружјето беше еден од клучните аспекти на политиката за „ресетирање“ на односите со Русија што ја спроведуваше Барак Обама. Тој, со силниот личен однос со тогашниот претседател Дмитриј Медведев го договори Новиот СТАРТ. Сепак времето на таа блискост одамна помина. Руските воени акции во Грузија и Украина како и наводното мешање во американските избори драстично го намали потенцијалот за билатерална соработка.Во Москва работите исто така драстично се сменија откако Путин повторно стана претседател во 2012 година.

Путин речиси половина од своите говори за состојбата на нацијата ги посвети на новото оружје кое може да носи боеви глави и кое, како што тврди, може да го пробие американскиот систем за одбрана, заклучува „Фајненшл Тајмс“. (МИА)

Tags: Владимир ПутинДоналд Трампнуклеарни опции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ