• Latest

Трамп не е загрижен за воени злосторства: Отворете го е**ниот теснец, луди копилиња или ќе живеете во пеколот

April 7, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Трамп не е загрижен за воени злосторства: Отворете го е**ниот теснец, луди копилиња или ќе живеете во пеколот

Ескалација без преседан: закани за уништување на инфраструктура, игнорирање на меѓународното право и одбројување до критичен рок

April 7, 2026 10:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прес-конференцијата на Доналд Трамп од 6 април 2026 година е еден од најконтроверзните настапи на американски претседател во поновата историја, со директен ултиматум до Иран и драматично заострување на реториката околу кризата во Ормускиот теснец.

Настапот доаѓа по неколкудневна ескалација на пораки, вклучително и вулгарен пост на неговиот Truth Social. Трамп не го контролираше својот речник ниту за време на прес конференцијата. Наместо да се дистанцира од тој тон, американскиот претседател го задржа сентиментот на вулгарност и агресивен речник и за време на пресот, со што го потврди суштинското значење на пораката и ја претвори во официјална позиција на администрацијата.

Објава на Трамп на Truth Social (скриншот)

„Отворете го е**ниот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пеколот“, напиша Доналд Трамп токму на Велигден.

Трамп постави, како што самиот го нарече, „финален рок“: Иран мора да го отвори Ормускиот теснец најдоцна до 7 април во 20:00 часот по источноамериканско време. Иако во изминатиот месец вакви рокови беа поместувани, овој пат Трамп инсистираше дека станува збор за последна шанса.

Она што ја направи оваа прес-конференција особено вознемирувачка не беше само рокот, туку содржината на заканите. Трамп јавно најави можност за масовни напади врз цивилна инфраструктура, изјавувајќи дека „секој мост во Иран ќе биде уништен“ и дека „секоја електрана ќе биде надвор од функција – ќе гори, ќе експлодира и никогаш повеќе нема да се користи“. Овие изјави сигнализираат стратегија што не се ограничува на воени цели, туку ја опфаќа функционалната основа на едно општество.

Претседателот отиде и чекор понатаму, тврдејќи дека американската војска има капацитет да го „отстрани“ Иран во рок од една ноќ, па дури и да изведе „целосно уништување“ за само четири часа. Оваа реторика, која потсетува на доктрината на „шок и страв“, е изнесена во форма што остава малку простор за дипломатска интерпретација.

Особено контроверзен момент беше неговиот одговор на прашањето за можни воени злосторства. На новинарско прашање дали таргетирањето на мостови и електрани би претставувало прекршување на Женевските конвенции, Трамп изјави дека воопшто не е загрижен. Напротив, тој тврди дека иранските граѓани „сакаат да слушаат бомби“ бидејќи тоа би значело нивно ослободување од режимот.

Паралелно со оваа ескалација, претседателот потврди дека постои предлог за 45-дневен прекин на огнот, кој го оцени како „значаен чекор“, но недоволен. Во истата линија, тој нагласи дека само тој ќе одлучи дали и кога ќе има прекин на огнот, со што уште еднаш потврди дека одлуката за војна или мир зависи само од неговата волја.

Скандалозниот настап на Трамп изобилуваше со груби навреди и кон медиумите. Тој ги нарече Си-ен-ен лажни вести и се впушти во тирада против Њујорк Тајмс.

Контекстот во кој се случува оваа вербална експлозија е исто така значаен. Затворањето на Ормускиот теснец веќе има директно влијание врз глобалните енергетски пазари, а цените на горивото во САД достигнаа околу четири долари по галон. Истовремено, анкетите покажуваат дека мнозинството американски граѓани се против војната, а поддршката опаѓа дури и меѓу гласачите на Републиканската партија.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ