„Национализам и патриотизам се два екстреми, највисоко и најниско, ние треба да најдеме средина, да имaме заеднички живот и соработка со сите националности. Треба да го најдеме јазикот на Европа“, вели еден граѓанин на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – „Има ли разликата помеѓу национализмот и патриотизмот?“.
„Мора да се дружиме било да се Македонци или Албанци, да имаме соживот, бидејќи ниту тој од Албанија прашува за мене, ниту тој од Бугарија прашува за тебе. Јас сум Албанец, вие сте Македонка и мора да имаме заеднички соживот и така да одиме во Европа, инаку друг излез немаме“, вели тој.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.