• Latest
Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Тренчевска: Креираме мерки и закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани

January 24, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Креираме мерки и закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани

January 24, 2023 10:27
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Фото/ од фејсбук профилот на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

Share on FacebookShare on Twitter

„Јавните расправи за Законот за работни односи се во тек. Го менуваме досегашното породилно отсуство во три нови институти – мајчинство, татковство и родителство. Со ваквата измена овозможуваме еднакви можности на мајката и на таткото. Ги вклучуваме и мајката и таткото во грижата за децата“ информираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар – Штип.

Таа посочи дека ваквото отсуство мајката и таткото можат да го земат истовремено, комбинирано или последователно согласно нивните потреби. Министерката се осврна и на другите придобивки од новиот нацрт Закон за работни односи и истакна дека сега е предвидено промена нa времетраењето на договорите на определено време кое се намалува на 2 години како и промена на времетраењето на колективните договори. Тренчевска посочи дека целта на Јавните расправи е да се добие закон кој ќе одговара на сите договорни страни.

Министерката се осврна и на правата од детска и социјална заштита таа информираше дека правата ќе бидат покачени за 14.2% и рече дека ова е индексот на порастот на трошоците за живот според заводот за статистика. Додека во однос на финансиската помош таа посочи дека со тековниот пакет на антикризни мерки преку анализа се опфатени категориите кои се моментално најранливи во државата.

На крајот од гостувањето беше отворена и темата за највозрасните во државата.

„Основачи на домовите за стари лица се општините додека Министерството за труд и социјална политика преку програмата за капитални инвестиции ја финансира градбата и откако ќе се добие решението за работа преку блок дотации се исплаќаат платите на вработените во домовите. Општините преку проекти аплицираат до министерството, доколку проектите се усогласени со архитектите во министерството, стручните служби во општините како и критериумите од правилниците тогаш овие проекти влегуваат во планот за капитални инвестиции“ рече Тренчевска.

Таа ја посочи и услугата за помош и нега во домот која се спроведува во 34 општини преку провајдери. Министерката изјави дека оваа мерка директно одговара на потребите на возрасните лица кои не сакаат да бидат дел од домовите за стари лица. Во однос на покачувањето на пензиите таа посочи дека со исплатата на мартовската пензија ќе има покачување, моментално се чекаат информациите за порастот на просечната плата за да може да се пресмета покачувањето.

Tags: законквалитет на животмеркипородилно отсуствоработни односиСоцијална заштита
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ