За да може да зборуваме за родова еднаквост, најнапред треба да знаеме што е родова еднаквост, и што овозможува. Често се поставува прашањето – зошто родова, а не полова еднаквост?, кога зборуваме за полова еднаквост, во старт имаме различни позиции, жена и маж.
Не може да бараме мажите да станат жени, а жените да станат мажи, и да бараме еднаквост. Затоа велиме дека политиките треба да бидат насочени не кон полова, посочи министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во интервју за ЦИВИЛ Медиа.