• Latest
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика(фото: МИА)

Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест

June 29, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест

June 29, 2023 11:05
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика(фото: МИА)

Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика(фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

„Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Министерката потенцира дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството.

Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови.

„Направивме 18 јавни дебати во однос на Предлог законот за родова еднаквост. Законот се уште е во консултативен процес, не е ниту во собраниска, ниту во владина процедура. Продолжува широкиот консултативен процес, за да ги слушнеме сите заинтерсирани чинители и да дојдеме до решение кое ќе одговара на целото општество“, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.

Според министерката, проблемот настанал со спојувањето на овие два закони. Како што рече, станува збор за два различни закони кои третираат различна проблематика, пренесе МИА.

„За Законот за измени и дополнување на Законот за матична евиденција, Владата во март 2022 година на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството“, рече Тренчевска.

Прашана како го коментира вечерашниот протест на МПЦ, Тренчевска рече дека легитимно право е на секого да организира протест, но легитимно право е и да се каже вистината.

„Како борец за човекови права, не можам да кажам дека протест не смее да се одржува. Протестот е легитимно право на секој, но легитимно право е и да биде кажана вистината за двата закони, и за дефинициите и за механизмите. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата“, рече Тренчевска.

Според министерката, родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост.

„Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тое се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција, идентични се дефинициите во Предлог законот за родова еднаквост со Законот за заштита и спречување од насилство врз жените, правна несигурност во државата ќе постои ако имаме различни дефиниции во различни закони“, додаде Тренчевска.

Tags: изјаваЈованка Тренчевскародова еднаквост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ