Италијанскиот весник „Ла верита“ го објави и третото продолжение од аудио- видео снимката за случајот „Рекет“, во кое се слуша разговор меѓу Боки 13 и бизнисменот Јордан Камчев во кој се вклучува и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Јанева го убедува Камчев да не се грижи, дека Лиле Стефанова е под нејзина контрола, и истата не може ништо да направи без неа!
За првпат на оваа снимка се слуша дека Боки Тредичи преговара и за „услуги“ и за Жарко (Луковски) и Дејан (Панделески – Пелистерка).
На оваа снимка Јовановски и Камчев разговараат околу процедурата за ослободување од притвор, но и за водењето на постапката за предметот ,,Империја“ од страна на СЈО.