Во Собранието денеска беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Законот за огранизација и работа на органите на државната управа, по двата неуспешни обиди поради немање кворум. Според овој Закон, за кој денеска гласаа 80 пратеници, а за чие усвојување беше потребно двотретинско мнозинство, ќе се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Со законските измени, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор продолжува да работи како Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Со Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор раководи вицепремиерот Хазби Лика, а во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе избере министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Новиот закон ќе започне да се применува од 1 јуни 2019 година.
Веднаш по овие законски измени, Собранието ги усвои и измените на Законот за Влада со кои се усогласува овој закон со Законот за организација и работа на органите на државната управа.
М. И.