Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Тревога е објавена во регионите Кијив, Харкив, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.
Виталиј Бунечко, регионалниот гувернер на Житомир, ги повика жителите да останат во засолништа поради „заканата од огромен ракетен напад“.
Градската управа на Кијив, исто така, ги повика жителите веднаш да одат во засолништа поради воздушната тревога.
„Во главниот град е прогласена воздушна тревога. Ве молиме веднаш одете во прифатните центри“ се наведува во известувањето објавено на официјалниот кијивски канал Телеграм.
Фото: mia.mk