• Latest

Трговијата со оружје на највисоко ниво од Студената војна

February 20, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трговијата со оружје на највисоко ниво од Студената војна

February 20, 2017 16:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најновиот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) од Стокхолм, покажува дека во изминатите пет години, трговијата со оружје значително расте, и од крајот на Студената војна до денес, достигнува најголем обем. Во периодот од 2012 до 2016 година, најголеми извозници на оружје продолжуваат да бидат САД со 33% и Русија 23% од вкупниот светски извоз.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ-Центар за слобода

„Стабилноста и безбедноста се сериозно нарушени на глобално ниво. Педесет и шест крвави воени конфликти низ целиот свет се активни во овој момент. Бегалски кризи, интензивирани терористички напади, тензиите на релација Русија – ЕУ, верските конфликти и економската криза се фактори што придонесуваат побарувачката од оружје да се зголемува. Како една од најстарите организации-членки на Меѓународната акциска мрежа за малото оружје (IANSA), како и на ‘Коалицијата Контрола на оружјето’ (Arms Control Coalition) предводена од ‘Амнести Интернешенел’, ние внимателно ги следиме овие трендови и можеме да ја споделиме нашата проценка со јавноста – дека овој тренд на побарувачка на оружје ќе биде во нагорна линија во наредните години“, смета Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Македонија и земјите од Балканот се соочуваат со сериозни ризици за стабилноста и безбедноста и не се исклучок од глобалните трендови. Напротив, ние сме дел од земјите што се соочуваат со проблеми, но и дел од проблемот со кој се соочува современиот свет, поради неуспехот на политичките елити да се справат со корупцијата и со погубните политики на поделби и криминално владеење“, вели Дерала, како одговор на прашањето, до која мера Македонија и регионот, се засегнати од овој глобален тренд.

Истражувањето на СИПРИ, покажува дека САД снабдуваат со оружје над 100 земји во светот, и тоа со воени авиони, прецизна муниција, па до најновата генерација на противвоздушни и ракетни одбранбени системи. Речиси половината од американскиот извоз на оружје била насочена кон Блискиот Исток.

Русија, испорачувала оружје главно во Индија, Виетнам, Кина и Алжир.

По САД и Русија, следува Кина со 6,2 % од извозот на оружје, но со пораст на извезеното оружје од 74%.

Германскиот извоз на оружје во последните пет години бележи намалување за 36%.  Во периодот од 2012 до 2016 година. Германија извезувала оружје во 60 држави.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: РусијаСАДСИПРИтрговија со оружјеЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result