По повод три години од настаните во Диво насеље, Куманово, 9 мај 2015, Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение одавајќи им почит на загинатите полицајци.
“На денешен ден, бележиме три години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Во Диво Насеље во Куманово, изгубивме осум човечки животи, осуммина припадници на полицијата. Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори. Припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.“
Во соопштението на МВР се вели дека виновниците ќе се соочат со одговорноста, а институциите во Македонија ќе ја осигураат правдата за семејствата на загинатите и правдата кон населението.
Во Диво Насеље животите ги изгубија Жарко Кузмановски од с. Брвеница, Тетово, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Гостивар, Сашо Самојловски од с. Брвеница, Тетово, Бобан Ивановиќ од с. Стајковци, Скопје, Горан Илијевски од Гостивар, Исамедин Османи од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје и Горан Стојменовиќ од Миладиновци, Скопје.
Б.Ј.