• Latest
Борјан Јовановски

Три сценарија за македонската политичка драма

February 22, 2023
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Три сценарија за македонската политичка драма

February 22, 2023 11:07
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА
Борјан Јовановски

Борјан Јовановски

Share on FacebookShare on Twitter

 БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Собранието најверојатно до крајов на неделата сепак ќе му даде зелено светло на новиот кабинет на Ковачевски. Интересно е да се види колку гласа ќе застанат зад оваа нова влада но тоа, како стојат работите, нема да биде во согласниот со очекувањата на премиерот кој во оваа авантура влета со надеж дека ќе добие мнозинство кое се доближува до двотретинското мнозинство.

Според сите очекувања,  новата влада ќе има само нешто повеќе гласа од минималните 61 кои се далеку од доволно за да се постигне очекуваниот ефект на целата операција за испраќање порака дека во овој мандат владата ќе може да ги испорача посакуваните измени на Уставот кои ќе и обезбедат влез во втората фаза на преговарачкиот процес.

Задоволен нема да биде ни Мицкоски кој по кој знае кој пат ќе треба да се соочи со фактот дека нема ништо од неговото најавувано ново парламентарно мнозинство. Двајцата, Ковачевски како и Мицкоски ќе излезат поразени од целата ситуација но најголема жртва ќе биде државата која до средината на наредната година ќе мора да живее во стресот од растечката поларизација меѓу двата најголеми политички блока во Македонија.

Сите против блокаторите на европската интеграција

Во немоќ да ги обезбеди промените на Уставот и да ги седне во собата за преговори веднаш по завршувањето на скринингот кон крајот на годината, владејачкото мнозинство ќе се подготвува за создавање на силен проевропски политички блок кој би настапил заеднички на претстојните претседателски избори . Тоа значи СДСМ, некои помали етнички македонски политички партии и сите етнички албански политички партии да се обединат против ВМРО ДПМНЕ и Левица кои во случајов би биле посочени како блокатори на европската интеграција и како такви антиевропски .

Разбирливо ВМРО ДПМНЕ нема да ја прифати играта на про и анти ЕУ и веќе од сега, ако ја следите растечката антиалбанска реторика на некои високи претставници на оваа партија, започнува да ја шири тезата дека СДСМ им ја предава државата на Албанците.

Тоа е јасен показател дека ВМРО ДПМНЕ изборната кампања сака да ја води на “патриотски” терен кој ќе значи борба за националните интереси на Македонците наспроти оние на Албанците- проверен рецепт со силен потенцијал за подигање на меѓуетнички тензии. Опасна игра која можеби на ВМРО ДПМНЕ би им донела победа во 2024 заедно со Левица да стигнат до 61 глас,  и можеби привлекување на помал етнички албански сојузник како Беса на кој нема да му биде лесно во такво друштво со оглед на јасната определба на албанското гласачко тело да се обезбеди ефективен преговарачки процес со ЕУ.

Како и да е, една таква Влада тешко е да се очекува да влезе во операција на измена на Уставот што значи дека Македонија ќе остане во сивата балканска зона заедно со Косово и Босна. Во актуелните геополитички околности  во Европа таква Влада е сигурен рецепт за нов циклус на длабока политичка криза и стагнација на општеството, освен ако не се случи чудо па Мицковски од таа позиција како премиер да иницира промена на Уставот изложен на силен притисок од меѓународните фактори.

СДСМ пак, очекува дека граѓаните на изборите сепак ќе застанат зад проевропскиот политички блок со што би обезбедиле нов мандат за владата и претседателот. Во тие калкулации на СДСМ , Мицковски би бил изложен на притисок внатре во партијата по што би се случиле промени кои ВМРО ДПМНЕ  ќе го позиционираат како проевропска десница која би ги подржала уставните измени.

Широка коалиција

Третата опција која е во оптек е формирање на широка коалиција во која ќе се соберат сите на купче. Во тие констелации ВМРО ДПМНЕ би се согласило да ги подржи уставните измени и на таа Влада да и даде 8 години мандат за преговори со ЕУ. Во меѓувреме би се менувале премиерите во зависност од изборните резултати во изборните циклуси во тие 8 години. Оваа широка коалиција би требало да го издише балонот на актуелната неподнослива поларизација и да ги фокусира општествените ресурси на реформскиот процес кој ќе се наложи во преговарачкиот процес.

Ова сценарио делува привлечно и звучи прагматично и рационално и во интерес на интересите на граѓаните. Но…ние не сме Германија со културата на германската политичка елита која кога на Германија и се закани пораст на екстремната десница демохристијаните и социјалдемократите седеа заедно во Влада во два мандата.

Недовербата и нетрпеливоста во оваа фаза меѓу двете најголеми партии е огромна за да може да се замисли дека девет партии ќе владеат заедно надминувајќи ги сопствените тесни партиски интереси и суети. Се разбира ваквата комбинација е големо прашање дали ќе се фокусира на граѓанскиот интерес и реформите или ….ќе влезе во дил за меѓусебно амнестирање од криминалните активности и комотно делење на тендери. Големо прашање за ваквата комбинација во македонското политичко културолошко милје е кои ќе бидат гаранциите за обезбедување на независни механизми кои ќе ја контролираат работаат на една ваква широка коалиција.

Пред нас е интересна пролет која сама по својата природа симболизира ново раѓање..нов животен циклус но за жал познавајќи ги капацитетите на актуелните политички играчи мала е надежта дека симболиката на пролета важи и за граѓанството паднато во длабока апатија поради отсуство на било каква визија која во чиј центар е општествениот интерес.

Tags: владаВМРО-ДПМНЕЛевица
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ