• Latest

Три тима на ЦИВИЛ во Штип

November 28, 2017
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Три тима на ЦИВИЛ во Штип

November 28, 2017 17:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дури три проектни тимови на ЦИВИЛ ќе го престојуваат во штипскиот регион во текот на наредните денаови. Ова е одлична можност за членовите и соработниците на организацијата да се сретнат и да разменат информации и заедно да спроведат повеќе теренски активности.

Организацијата ги повикува граѓанките и граѓаните да го посетат инфо-штандот за да се запознаат со проектот Слободни медиуми за слободно општество, посветен на политичкиот и општествениот дијалог, јакнењето на слободата на изразувањето и медиумската писменост на граѓанките и граѓаните. Штандот ќе биде поставен на градскиот плоштад во Штип на 29 ноември, во 12 часот.

Вториот тим на ЦИВИЛ ќе одржи и работилница за граѓанско новинарство во Штип, како дел од проектот Граѓански објектив со кој организацијата и граѓанските новинар(к)и го даваат својот придонес кон транспарентни и одговорни политички процеси.

Со проектот Од разбирање до одбрана, ЦИВИЛ спроведува активности за јакнење на слободата на изразувањето и медиумските слободи. Третиот проектен тим ќе биде во комуникација со медиумските работници, новинарските и уредувачките тимови на локалните и регионалните медиуми во Штип, со цел да ги идентификуваат предизвиците во нивната работа.

ЦИВИЛите ги покануваат и медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество да се запознаат со активностите на организацијата, но и со начините како да се приклучат кон нивното спроведување и проширување на мрежата на соработници од целата земја. ЦИВИЛ е на располагање како ресурс на јавноста, медиумите и граѓанското општество за подобрување на соработката и комуникацијата меѓу сите засегнати со човековите права и слободи во земјата.

Б. Јордановска

Tags: @активизамграѓанско новинарстводемократијаслобода на изразувањетослободни медиумислободно општествоЦивилчовекови праваШтип
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ