• Latest

Триесет години Армија, малолетници собираат отпад – еколошката свест на ниско ниво, зголемена транспарентност на институциите

August 18, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Триесет години Армија, малолетници собираат отпад – еколошката свест на ниско ниво, зголемена транспарентност на институциите

August 18, 2022 16:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Триесет години Армија, 30 години мир и стабилност, централната свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје

Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се обрати на Централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, фокусирајќи се на достигнувањата во триесет годишното постоење на Армијата, клучните одлуки донесени во овој изминат период, местото на Армијата во општеството како институција со најголема доверба, како и процесите на развој на одбраната, модернизацијата на Армијата и развојот и мотивацијата на сите армиски припадници и службеници во одбраната.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а сопред Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“,  изјави Георги Клинчаревски, раководител на Одделение за животна средина, урбанизам и комунални дејности во Општина Шуто Оризари.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Вкупно 361 деца се убиени, а над 714 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, информира Украинското државно обвинителство на Телеграм.

„Над 1.075 деца во Украина се погодени од руската вооружена агресија. Од 18 август 2022 година, бројот на загинатите остана непроменет (361 дете). Бројот на повредените надмина 714 деца“, се наведува во извештајот.

*

За да ја ослабне поддршката на западните земји за Украина и да го оддалечи наративот од нејзините воени злосторства, Русија се обидува да ги оквалификува нападите врз Крим како акти на тероризам.

„Руското раководство и рускиот националистички информативен простор се повеќе инвестираат во оформувањето на неодамнешните украински напади врз руските воени средства на Крим како терористички акти со цел да се оддалечи информативниот наратив од руското кршење на меѓународното право и да го повика Западот да ја назначи Русија како држава спонзор на тероризмот“, се вели во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната.

.*

Утрото, руските трупи повторно го нападнаа Харкив. Едно лице загина, а уште 18 лица се повредени, еден преживеан во тешка состојба.

„Руските окупатори утрото удриле во студентски дом во областа Слобидски во градот Харков. До сега 18 лица се повредени, од кои две се деца. Едно лице загина“, објави на Телеграм Олех Синехубов, началник на Регионалната воена управа на Харков.

*

Украинските дипломати, нашите нуклеарни научници и МААЕ се во постојан контакт, сега работат на испраќање на мисијата на МААЕ во АЕЦ Запорижја. Само апсолутната транспарентност и контрола на ситуацијата во и околу АЕЦ Запорижја за украинската држава, за меѓународната заедница и за МААЕ може да гарантира постепено враќање на нормалната нуклеарна безбедност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Тој нагласи дека руската армија мора да се повлече од територијата на АЕЦ и од сите соседни области и да ја одземе воената опрема од станицата. Тоа треба да се случи без никакви услови и што е можно поскоро.

.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел дискусија на Зелен Цивил: Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија

Заменик-министерката за животна средина, Христина Оџаклиеска, Георги Клинчаревски и Анета Минчева, од Одделението за заштита на животна средина во Шуто Оризари учествуваат на панел дискусијата на Зелен ЦИВИЛ на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“.

Модераторка на панел дискусијата е Биљана Јордановска, реализацијата е на Ариан Мехмети, а снимател е Атанас Петровски.

Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Зелен ЦИВИЛ е организациска единица на ЦИВИЛ, формирана во 2009 година.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СВЕЧЕНОСТ Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

ИЗБОРИ Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово  и истиот нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик.

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи. Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, и до загуби од 5 милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија,

ДИЈАЛОГ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти денеска се среќаваат во Брисел во нова рунда дијалог за нормализација на односите, со посредство на ЕУ, по повеќе од една година,

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ