Утрото, руските трупи повторно го нападнаа Харков. Едно лице загина, а уште 18 лица се повредени, еден преживеан во тешка состојба, пренесува Укринформ.
„Руските окупатори утрото удриле во студентски дом во областа Слобидски во градот Харков. До сега 18 лица се повредени, од кои две се деца. Едно лице загина“, објави на Телеграм Олех Синехубов, началник на Регионалната воена управа на Харков.
Синехубов утрото напишал дека руските напаѓачи повторно го погодиле Харков.
„Русите брутално и намерно удрија цивили. И сега шират уште една лага во нивните таканаречени „медиуми“ за „воени објекти“. Немаше ниту еден воен објект, само цивили, вклучувајќи пензионери и деца. Ова е вистински тероризам за што се способни само нелуѓе!“ додаде Синехубов.
Вечерта на 17 август Русите извршија ракетен напад врз студентски дом во областа Салтивски во градот Харков. Државната служба за итни случаи на Украина соопшти дека бројот на загинати се искачи на седум. Луѓето се извлекуваат од урнатините на зградата. Пожарот е изгаснат во 23:38 часот.
„Уништувањата се страшни. Седум лица загинаа. Шеснаесет лица се повредени, меѓу кои и едно 11-годишно дете. Еден маж е во тешка состојба, а другите се хоспитализирани во умерена состојба“, напиша Синехубов на Телеграм.
Според првичните информации, Русите користеле ракета Искандер.
Градот Харкив и регионот секојдневно страдаат од руско гранатирање. На 7 август, Регионалното обвинителство во Харкив извести дека повеќе од 1.000 цивили биле убиени, а двојно повеќе биле повредени поради акциите на окупаторите во регионот. Меѓу убиените има и 50 деца.
Подготви: Д.Мишев