Министрите за дијаспората на Македонија, Албанија и Косово, Едмонд Адеми, Пандели Мајко и Дардан Гаши одржаа трилатерална средба во Охрид.
Оваа средба претставува важен почеток за промовирање на заеднички активности во зајакнувањето на врските меѓу земјите во рамките на процесот на евроатланска интеграција.
Министрите ја поздравија последната одлука на Парламентот на Република Македонија за изгласување на Законот за јазиците како придонес за заедничка регионална соработка, и се согласија да реализираат заеднички посети во САД, Германија и други земји за да се одржат средби со асоциациите на дијаспората по потекло од трите земји.
А.П.